Новак Ѓоковиќ е втор полуфиналист на завршниот АТП Мастерс во Лондон. Моментно најдобриот светски тенисер во второто коло во групата „Густаво Кернтен“ го совлада Александар Зверев со 6:4, 6:1 за втор триумф во „О2 арена“ и осигурување на првото место на табелата.
„Мечот не беше баш најдобар за двајцата, но победа си е победа. Мислам дека одигра добро и се надевам дека гледачите уживаа. Зверев добро го служеше сервисот во првиот сет, во вториот дојде до мал пад на процентот што ја олесни мојата работа“, рече Ѓоковиќ по мечот.
До крајот на групната фаза на Мастерсот во Лондон го очекува уште дуел со Марин Чилиќ што ќе биде без резултатско значење по него. Хрватот, пак, вечерва (21 ч.) ќе игра против Џон Изнер во дуелот на поразените тенисери во првата рунда.
Полуфинале на турнирот претходно осигура и Јужноафриканецот Кевин Андерсон кој ги доби двата досегашните меча во групата „Лејтон Хјуит“.