Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенк од СЈО за мерцедесот на Груевски

1
By Нова ТВ on January 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалното јавно обвинителство отвори истрага за набавката на службениот Мерцедес на екс премиерот Никола Груевски вреден 572.000 евра под кодно име „Тенк“.

Осомничени за „злоупотреба на службената положба и овластување“ се две лица за дејствија случени во периодот од февруари 2012 година до крајот на октомври 2012 година.

„Во конкретниот случај постои основано сомнение дека со цел да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип на патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење на јавни набавки, незаконски да повласти – фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип“, пишува во денешното соопштение од СЈО.

Истрагата СЈО ја отворило врз основа на разговори кои се дел од прислушуваните материјали. Јавноста имаше прилика да ги слушне овие разговори поврзани со набавката на „Мерцедесот“ меѓу екс министерката Гордана Јанкулоска и поранешниот премиер Никола Груевски.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

НГ: Ова со процедурава за набавка за она што ми испрати ти едни…
ГЈ: Да, да, да веќе ја стаивме у постапка со тоа што ја мислам и кажав како треба да испадне, треба само да видам неделава требаше некаде да објавиме за да направиме внимателно, пошто е нели 100 посто електронски да не ни улета некој друг нели треба да има нешто…мислам тој човекот што ми е таму мислам е..отворено му кажав да испадне вака и вака сеа оти не може да не му кажеш, а да испадне…
НГ: Да де да…
ГЈ: Така да он рече добро да проучам што е специфично у однос на другиве за да стесниме простори оти…
НГ: Да да…
ГЈ: … нели на 100 посто електронски, не можеш да речеш, слушај ти не чиниш, посебно што и тие другите чинат нели…
НГ: Ама истовремено треба да се пази тој и да не се заборави кога ќе виде како е работата, тој што ќе понуди…
ГЈ: Е па ние нели ја знаеме вака од прошлиот пат рамката па сега ако забега ако треба па ќе поништиме еднаш па ќе распишеме пак…
НГ: Да, да…
ГЈ: Мислам не може да не дере нели…

Скапиот мерцедес бил набавен во 2012 година. Според разговорите кои ги објави опозицијата Груевски и Јанкулоска заговараат како да излажат во јавноста дека мерцедесот е за МВР, а не за Груевски лично бидејќи тој не сака пред јавноста да се расфрла со скапи автомобили.

Во 2012 година кога медиумите објавија дека МВР купило мерцедес од речиси 600.000 евра македонските медиуми нашироко пишуваа детали за возилото. Во јуни 2012 „Утрински весник“ пишуваше за набавката каде што посочи дека ова е трето блиндинрано возило за полицијата. Од министерството велеа дека возилото ќе се возело единствено по потреба.

 

Гордана Јанкулоска истрага Мерцедес Никола Груевски СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.