Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенк: Одбиени сите приговори на одбраната, судењето продолжува в петок

1
By Нова ТВ on February 12, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Телма
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судечкиот совет ги одби сите приговори на одбраната во случајот „Тенк“, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот „Мерцедес“ од 600 илјади евра.

Обвинетите нема да ги добијат прислушуваните материјали во аудио форма и тие во овој предмет ќе се користат како докази.

Груевски во судницата денеска тврдеше дека против него се води политички процес.

-Јас не би ја мешал политиката да не е ова политички процес. Може и новинарите да станат вештаци. Ова е брука од суд. Не сум изненаден што не ни ги прифативте приговорите, рече Груевски.

Груевски порача дека му закажуваат рочишта секој ден за да се дефокусира јавноста, оти власта го менува името.

-Ова е политички процес во кој судиите треба да одработат. И ме ставаат во судница затоа што Заев и Димитров го решаваат името и им треба да се збори за нешто друго, изјави Груевски.

Тој избегна да одговори  дали нарачувал масажери и телевизори за мерцедесот, единствениот одговор беше дека случајот „Тенк“ е политички монтиран.

На ова судијката Добрила Кацарска го опомена да не зборува за политика во судницата.

Тенк: Груевски бара бомбите да не бидат доказ, биле јавно објавени

За драстично намалената вредност на мерцедесот, кој сега чини 234 илјади евра, а кој тој  го нарача  за 600 000 евра додека беше премиер,  преку Министерството за внатрешни ,Груевски вели дека власта повторно се служи со популизам.

-Намерата е едно од двете, или планираат да создадат клима за да не се продава мерцедесот или планираат да го продадат на некој свој, трето не може да биде, изјави Груевски.

Одбиен е и приговор на адвокатката Сања Алексиќ, која ги оспори двете вештачења предложени од СЈО, а се на нивната листа на докази, со образложение дека вештаците немале валидни сертификати или им биле со изминат рок, а не им биле продолжени.

Станува збор за економско-финансиско вештачење и сообраќајно технички вештачења за набавка на „Мерцедесот“.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која е една од обвинетите за случајот „Тенк“ на денешното рочиште рече дека кај неа како обвинета постои сомнеж за објективноста на изработените две вештачења за набавениот „Мерцедес“.

– Ниту јас како обвинета, ниту моите бранители немавме можност да учествуваме со свои предлози и забелешки во вештачењето кое го нарачало СЈО, рече Јанкуловска.

Адвокатот на Груевски, Димитар Дангов, побара од судијката Добрила Кацарска утре да не се одржи рочиште за „Тенк“, за Груевски да се спремел за рочиштето за „Траекторија“, кое е закажано за в среда.

Според Дангов, било нечовечки Груевски во шест дена, секој ден да се појавува на судења што се водат против него.

Судот прифати утре да нема рочиште за „Тенк“, иако беше веќе закажано, а следното рочиште го закажа за во петок.

 

одбиени приговори тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.