Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тероризмот сее страв, 2016 година кобна за европските центри

0
By Нова ТВ on December 20, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Експлозии, огнено оружје, ножеви…сите овие смртоносни алатки беа употребени годинава за напади на територијата на Германија, а последниот од нив е вчерашниот терористички напад во Берлин за време на божиќна прослава, во кој 12 луѓе беа убиени а речиси 50 повредени.

Во јули годинава, 10 луѓе беа убиени во различни напади, во кои употребен беше пиштил, бомба и мачета. Три од нив се одвиваа во Баварија, додека еден во Баден-Вертемберг. Но и покрај тоа што полицијата тогаш рече дека нападите не биле поврзани меѓу себе, се алармираа безбедносните служби за можно повторување на слични инциденти. Последниот таков, се случи вчера.

На 18.јули, тинејџер по потекло од Авганистан упадна во воз со секира и нож, при што повреди петмина. Тој беше застрлеан од страна на полицијата.

Неколку дена подоцна, на 22.јули, германски тинејџер со иранско потекло уби деветмина во Минхен а потоа изврши самоубиство.

Само два дена подоцна, на 24.јули бегалец од Сирија, употребувајќи мачета уби една жена а повреди уште други петмина, по што беше уапсен.

Истиот тој ден, 27-годишен Сириец, откако добил информација дека неговото барање за азил е одбиено, се разнесе со бомба во Ансбах. Повредени беа 15 луѓе по неговиот акт.

Германските власти, по истрагите кои досега ги имаат спроведено, во извештаите забележуваат дека, повратниците од воените жаришта признавале дека Исламската држава низ терористички ќелии на неколку пати регрутирала, и се уште го прави тоа на ниво на цела Германија, но истото го спроведувала и во Велика Британија.

Како во Германија, алармот е вклучен и во Белгија и особено во Франција. Настанот кој вчера се случи во Берлин, е дежа ву на случувањата во Ница во Франција годинава, кога во јули, за време на прославата на Денот на Бастиља, терорист влета со камион во собирот при што прегази над 80 луѓе.

Берлин Ница Париз тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.