Големо изненадување приреди Шкупи во заостанатиот меч од третото коло во фудбалскиот шампионат на Македонија. Чаирани ја совладаа Шкендија, и тоа во Тетово, со 1:0. Ермедин Адем го претвори контранападот во 77 минута во гол што до крајот остана и единствен на средбата.
Од ваквиот епилог е најзадоволен Вардар кој остана лидер на првенствената табела со пет бода повеќе од Шкендија. За Шкупи, пак, ова е трет триумф во сезоната што го искачи на шестото место.
Тетовци во неделата загубија на домашен терен од Вардар со 0:2, сега дојде и овој пораз од Шкупи што многу веројатно ќе значи и губење на работата на Бруно Акраповиќ како тренер на Шкендија.