Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тимоние: Методологијата и пристапните преговори може да се водат паралелно

0
By Нова ТВ on January 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата методологија за членство во Европската унија (ЕУ) и самиот процес на пристапни преговори може да се водат паралелно, истакна меѓудругото францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние на денешната тркалезна маса насловена „Патот кон НАТО и ЕУ – предизвици и перспективи“ во коорганизација на Советот на амбасадори во земјава и на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Ова може да се толкува како негово благо омекнување на многупати повторениот став – прво реформа на процесот за проширување, па потоа преговори со државите – кандидати за членство. Тимоние ја искористи прилика и за повторување на француската позиција дека барањето за нова методологија што го испорача францускиот претседател Емануел Макрон во октомври, нема за цел да спречи влез на Македонија во ЕУ оти, како што самиот рече, „судбината на оваа земја е европска“.

„Нашиот впечаток е дека сериозна работа е веќе направена врз база на нашите предлози, но и на другите предлози. Од наша страна постои другото прашање, а тоа е за реформата на функционирањето на ЕУ затоа што ќе нема смисла да ве прифатиме во друштво во кое ќе нема ред. Од таа гледна точка ќе кажам дека процесите можат да се водат паралелено затоа што патот кој е пред вас не е краток, но, сепак, тоа е пат и на наши внатрешни реформи во Унијата, кој исто така не е краток. Но, најверојатно ќе се обединат и мислам дека треба да работиме во оваа насока. Мислам дека во овој момент ние го правиме она што пребрзо беше оквалификувано како историска грешка, туку ќе кажам историска можност можеби за да тргнеме од добра основа во таа европска изградба која отсекогаш добро функционирала дури и во сукцесивни кризи. Искрено се надевам дека во наредните месеци ќе видиме и конкретни плодови од тоа, да не лиферуваме со конкретни датуми, но моите надежи се дека датумот е се поблиску“, рече Тимоние.

Што се однесува до членство на земјава во НАТО, за Тимоние тоа е веќе завршена работа што го поткрепи со фактот дека македонското знаме се вее пред седиштето на Алијансата што, пак, го потенцира како знак за стабилизирање на регионот.

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео ја реафирмира поддршката на неговата земја за процесот на проширување на Унијата и нагласи дека тоа треба да се одвива паралелно со процесот на ребрендирање или реформа на ЕУ.

Амбасадорот на Германија, Томас Герберих истакна дека отворањето на пристапни преговори со С. Македонија, за официјален Берлин е прашање на безбедноста и стабилноста на Европа и земјите од регионот треба да станат дел од ЕУ. Во таа насока, рече тој, треба да се реафирмира ветувањето за европерспектива на земјата.

Американската амбасадорка, Кејт Мери Брнс истакна дека САД се стратешки партнер и поддржувач на НАТО интеграцијата на С. Македонија и сакаат таа визија да се оствари. Во однос на членството во ЕУ, таа укажа на реформите во делот на владеење на правото, потоа фер и кредибилни избори и одржување на добрососедските односи на кои земјата мора да се фокусира.

На отворање на дебатата која беше затворена за јавноста, покрај Пендаровски се обратија и евроамбасадорот Самуел Жбогар и шефот на НАТО канцеларијата за врски во Македонија, амбасадорот Зоран Јанковиќ.

ЕУ Кристијан Тимоние Македонија НАТО Совет на амбасадори Тркалезна маса
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.