Тинејџер на 18-годишна возраст удрил жена во Скопје, која добила тешки телесни повреди, соопшти полицијата денеска за сообраќајна несреќа што се случила вчера.

„На 24.01.2022 година, во 10:20 часот, било пријавено дека на ул. „Славеј Планина“ во Скопје, патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р. (18) од Скопје удрило во пешакот Ќ.У. (72) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од МВР.