Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник: Адвокатите на обвинетите бараат да не се слушаат „бомбите“

1
By Нова ТВ on August 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 16, 2018 13:14

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како десеттина други поранешни функционери.

На почетокот на рочиштето, на кое како доказни материјали требаше да се слушаат повеќе од 1.000 „бомби“, еден адвокатите на Груевски, Еленко Миланов, забележа дека аудио снимките не се докази што судот ги добил како оргинали, туку се преснимувани.

Миланов и другата адвокатка на Груевски, Сања Алексиќ, го побараа на увид записникот за предавање на бомбите од СДСМ во СЈО.

Обвинителката Лиле Стефанова истакна дека ваквото барање е недозволено.

-Барањето на адвокатите на обвинетите да се изведе доказ како се обезбедени доказите е недозволиво. Исто така и останатите приговори поврзани со бомбите се стари и по нив веќе е одлучувано, истакна обвинителката Стефанова.

Обвинителката Стефанова на денешното рочиште предложи при преслушувањето на бомбите во судница, вкупно 1.063 , јавноста да биде исклучена при 7 бомби, бидејќи станувало збор за приватни разговори.

Во „Титаник“, покрај Груевски, Јанакиески и Јанкуловска, обвинети се и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие според СЈО се одговорни за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
Минатото рочиште за „Титаник“ требаше да се одржи на 3 јули, но беше одложено поради неприсуство на Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ, се наоѓаше во болница по породувањето. Судијата Осман Шабани тогаш рече дека обвинетата Јанкулоска има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочишта, поради што го одложи судењето за „Титаник“ за 16 август.
На почетокот на денешното рочиште судијата Османи ја праша Јанкулоска дали сега е се во ред со неа и дали може да присуствува на судеењето, на што таа потврдно одговори
„Титаник“ бомби рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.