Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник: Јанакиески му дава инструкции на Дерковски за лепење плакати

3
By Нова ТВ on August 20, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со слушање на дел од останатите над 900 „бомби“ денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи  судењето во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој на обвинителна клупа се седнати повеќе поранешни функционери.

Судењето го води судијата Осман Шабани, а во судницата се присутни сите обвинети, како и застапникот на обвинетието, специјалната обвинителка Лиле Стефановска.

На почетокот на денешното рочиште одбраната побара од судот да се нотира дека во судницата е присутен технички советник и воедно побара увид во ЦД-то од кое се репродуцираат разговорите. СЈО на тоа возврати дека можат да дојдат во Обвинтелството каде тоа ќе им биде овозможено.

По овие почетни забелешки судењето продолжи со слушање на „бомбите“.

Во една од бомбите презентирана денеска од разговорот е воден два дена пред изборите во 2011 година се слушна и гласот на актуелниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски,

Како тогашен директор на Македонска железница, Дерковски добивал инструкции од Миле Јанакиески за ангажирање на членовите на партијата за лепење плакати и тоа на партијата СДПМ, која како кандидат предложуваше двојници на СДСМ, како Рада Шеќерова.

-Во 7 во штаб, до 9 да излезат од месните и општинските комитети, во 10 да излезат нивни роднини и пријатели, а до 12 часот да излезат сите вработени, му вели Јанакиески на Дерковски.

Со друг соговорник пак Јанакиески вели: „Се што е вработено во администрација во Гевгелија да излезат и да одат од врата на врата“.

Слушањето на „бомбите“ почна во четвртокот , а продолжи во петокот со преслушување на 106 од вкупно 1.063 „бомби“.

Досега на снимките се слушнаа разговори меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, шефот на Кабинетот на поранешниот премиер Мартин Протуѓер и други лица околу изборната кампања за изборите во 2013 година.

За предметот „Титаник“, СЈО има поднесено 5.910 материјални докази и предложено 191 сведок.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

„Титаник“ бомби Дерковски судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.