Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Титаник“ одложен за 2 мај, се чека одлуката за изземање на судиите

0
By Нова ТВ on April 26, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рочиштето за случајот „Титаник“ на СЈО кое беше закажaно за денеска се одложи бидејќи се уште нема одлука по барањето на адвокатот Еленко Миланов за изземање на судечкиот совет во предметот, како и на претседателот на Кривичниот суд и на судии од Апелацискиот суд во Скопје.

Следното рочиште, судијата Осман Шабани го закажа за 2 мај.

Адвокатот Миланов, кој е дел од адвокатскиот тим на Никола Груевски, на минатото рочиште побара изземање на судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев од овој предмет, бидејќи, како што кажа, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во телевизиско интервју изјавила дека дел од судиите биле прислушувани или ги имало во „бомбите“. Тој побара да се провери дали судиите Ставрев и Шабани биле прислушувани за што, како што рече, досега не добил одговор од СЈО.

На денешното рочиште не присуствуваше обвинетата Гордана Јанкулоска, поради „ризична бременост“.

Адвокатката на Јанкулоска, Сања Алексиќ рече дека боледувањето и трае до денеска и дека утре е на контрола на лекар по што ќе се знае дали ќе биде продолжено боледувањето.

Од куќен притвор денеска во Кривичниот суд не беа спрведени Едмонд Темелко и Мунир Пепиќ.

Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, покрај поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

„Титаник“ изземање одложено рочиште судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.