Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник: Се бара запирање на постапката поради помилувањето од Иванов

1
By Нова ТВ on May 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 28, 2018 13:03

Во Kривичниот  суд денеска продолжи судењето за случајот „Титаник“, на кое се изведуваат воведните говори. Адвокатот на обвинетите  Петар Василев, побара постапката да биде запрена поради помилувањето кое го дал шефот на државата.

„Во членот 304 став 1 се вели дека јавниот обвинител ќе запре истражна постапка ако има застареност на предметот или постои изречена амнестија или помилување. Ако го имаме во предвид овој закон кој сега го цитирав, истражната постапка по лицата врз кои е изречено помилувањето мора веднаш да биде запрена“, рече Василев.

Василев се повикува на одлуката која ја донесе Врховниот суд на Грција кој врз основа на помилувањето од Иванов одби да ги екстрадира Никола Бошкоски и Горан Грујоски.

„Врховниот суд во Грција побара и стручно мислење од страна на Институтот за меѓународно право, од каде им одговорија дека  „еднаш изречено помилување предизвикува трајни и конечни постапки врз лицата за кои е изречено помилувањето“, рече адвокатот на обвинетите Гордана Јанкулоска и Илија Димоски.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Одбраната бара судот да одлучи по ова прашање околу амнестијата.

Судијата Осман Шабани рече дека одбраната може да доставува предлог подоцна во постапката.

На 12 април 2016 година, претседателот Ѓорге Иванов помилува 56 политичари кои беа под истрага на СЈО. По масовните протести, два месеци подоцна Иванов  ја повлече одлуката за аболиција.

Тогашниот премиер Никола Груевски два дена по објавувањето на помилувањето поднесе барање до шефот на државата да ја  поништи одлука за прекин на постапките што се однесуваат за него.

По ова Иванов ги повика сите оние кои сметаат дека им  одзел некакво  право и својата невиност сакаат да ја докажат на суд, лично во писмена форма да поднесат барање за поништување на одлуката која се однесува на него.

Груевски денеска во воведниот збор на судењето, рече дека не само што не с сторил сè  што му се става на товар туку и дека СЈО нема докази за тоа што го тврди.

-Јас само раководев со партијата што  ги добиваше сите избори, рече експремиерот. Тој исто така рече дека анкетите што биле објавувани пред избори докажувале дека ВМРО-ДПМНЕ имала убедливо водство. „Инсинуации се наводите дека сум се договорил со некој од обвинетите и дека сум натерал да стори кривично дело“, рече тој.

 

„Титаник“ Василев Иванов Јанкуловска помилување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.