Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров бега од отчет за студентката која ја вработиле како доктор

0
By Менче Атанасова Точи on June 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Никола Тодоров избега од камерата на НОВА во моментот кога требаше да биде прашан дали ќе си поднесе оставка заради скандалот кој го обајви НОВА со студентката по медицина која од февруари извршува докторска дејност во Итната медицинска помош. Иако претходно пристигна краток одговор од Министерството за здравство и ни беше кажано дека може да земеме изјава во камера, по прес конференцијата на друга тема во болницата “8 Септември“, од само на него познати причиниТодоров се предомисли и си замина.

Фотографија од Марина Србиноска
Фотографија од Марина Србиноска

„Брзам морам да одам на друго место. Не постои никаква студентка по медицина“, рече Тодоров на заминување.

nikola todorov 24 06 2016

 

Во одговорот кој само еден час претходно го добивме по електронски пат од Министерството за здравство, се вели дека тие немаат надлежност да носат одлуки за вработување, туку тоа е во надлежност на установата.

„Информираме дека согласно Законот за здравствена заштита, постапката за вработување или ангажирање лица во јавните здравствени установи е во надлежност на самите установи. Јавните здравствени установи се самостојни правни лица, кои самостојно одлучуваат за вработување, односно ангажирање на лица од медицински или не медицински персонал во установата, што значи дека Министерството за здравство нема надлежности да носи одлуки од ваков тип. Во конкретниот случај, јавната здравствена установа го испитува случајот и доколку се утврди било каква одговорност, очекуваме да бидат преземени сите мерки согласно законските прописи“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

ВИДЕО: Вработената студентка самата објаснува дека диплома зела завчера. Следниот термин за полагање државен испит е во ноември, а дури потоа може да добие лиценца за работа, но таа и со овој статус е докторка спротиввно на законите

И управителката на Итната медицинска помош, Анета Димовска не сакаше да одговори на прашањето кој ја вработил и кој и дозволил на студентката Марина Србиноска да извршува докторска дејност, да прегледува, да им дава терапија на пациентите и да оди со возило на итни повици.

„Тоа да си прашате во повисоките институции, нема што јас да ви одговорам“, реча Анета Димовска и веднаш ја прекина линијата.

pecatmarina

Во Здравствениот дом Скопје, под чија надлежност е Итната медицинска помош одговорија со писмено соопштение во кое се вели дека ги испитуваат околностите како дошло до ангажирање на работа на лице кое не ги исполнува условите. Во соопштението признаваат дека времено биле ангажирани поголем број луѓе како што се доктори на медицина, медицински сестри и возачи со договор на дело, за потребите на Домот.

„По завршување на постапката од страна на надлежните и стручни служби во рамките на Домот кои ја спроведувале истата, биле подготвени договори за времено ангажирање на лицата, кои како такви биле потврдени од страна на одговорно лице во правната служба на Домот, потоа биле потпишани од самите лица, а на крајот само верифицирани од одговорните лица на установата. Во овој момент ЈЗУ Здравствен дом Скопје ги превзема сите активности за утврдување на фактите дали и како дошло до склучување на договор за ангажирање на лице кое не ги исполнувало условите, како и лоцирање на одговорноста кај стручните служби за евентуалниот пропуст. Доколку се утврди било каков пропуст, ЈЗУ Здравствен дом Скопје ќе покрене дисциплинска постапка за санкционирање на вработените кои го направиле пропустот и го нарушиле угледот на Установата“, се вели во одговорот од Здравствениот дом Скопје.

Од друга страна во Деканатот на Медицинскиот факултет за НОВА потврдија дека Србиноска дипломирала на 17 мај, а уверението за положени испити го земала на 20 јуни. Деканот Никола Јанкуловски тврди дека од нивна страна не е направено ништо што би било надвор од правната регулатива.

„Никој не ми се јавил за да потпишам нешто што е надвор од правната регулатива, пријавите се во ред“, изјави за НОВА Јанкуловски, декан на Медицински факултет.

junimarina

Во Лекарската комора на РМ велат дека докторска дејност може да врши само лекар кој поминал стаж од шест месеци, положил стручен испит и се стекнал со валидна лиценца за работа.

„Одговорноста треба да ја сноси тој што ја вработил „докторката “без лиценца“, изјави  Кочо Чакаларовски претседател на Лекарската комора на РМ.

Неговата заменичка Ленче Неловска пак, рече дека комората не е надлежна за лица кои немаат лиценца за работа и смета дека треба да се свика етичкиот комитет за да расправа за случајот.

Во исто време студентите на медицина и специјализантите бараат одговорност, како и на студентката никогаш да не и се даде лиценца за работа.

НОВА од свои извори во Итната медицинска помош дознава дека Србиноска е избишана од списокот на дежурства, а таа денеска не се појавила на работно место и најавила дека ќе ја нема неколку дена. Таа го избриша и нејзиниот Фејсбук профил. Неофицијално, во Итната медицинска помош било најавено и дека ќе се повикуваат и испитуваат вработени за да се дознае кој ги испратил фотографиите и документите на НОВА од кои се гледа дека „докторката“ поседува незаконски стекнат печат без број и дека интервенирала и давала терапии на пациенти. Инаку, 24 годишната студентка била примена на работа по договор на дело во февруари годинава и пет месеци извршувала докторска дејност иако немала диплома и државен испит после кој треба да се стекне со лиценца за работа. Најбрзиот рок кога може да полага државен испит е дури во ноември.

одговорност оставка студентка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.