Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) го направи своето со обединување на спортистите од Јужна Кореја и од Северна Кореја за Игрите во Пјонгчанг, останатото е работа на политичарите. Ова е пораката што Томас Бах, претседател на ИОК, ја испрати во изјава за агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП) и смета дека е политичарите треба да го искористат погодниот момент за дополнително загревање на односите меѓу спротивставените соседи на Корејскиот полуостров.
„Спортот не може да води преговори. Ние испративме сигнал дека преговори може да доведат до позитивен резултат. Го направивме нашиот дел од работата, на потег се политичарите“, истакна Бас за „АП“.
Бах изрази уверување дека преговорите меѓу двете земји може да продолжат и по гасење на олимпискиот оган на 25 февруари. Притоа најави дека ќе отпатува во посета на Северна Кореја по завршување на ЗОИ 2018 во Пјонгчанг.