Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Топлотен бран: Евакуации во Австралија, вонредна состојба во Нов Јужен Велс

0
By Нова ТВ on January 2, 2020 СВЕТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австралиските власти денеска наредија задолжителна евакуација на некои места на југоисточниот брег на земјата, а на туристите во таа област им е наредено да ги напуштат туристичките места во рок од 48 часа, бидејќи за в сабота се очекува нов бран жештини погоден за ширење на големи пожари кои ја пустошат државата во последниве недели.

Премиерката на државата Нов Јужен Велс, Гладис Берџиклијан, денеска прогласи седумдневна вонредна состојба во која од петок се одобрува присилната евакуација на луѓето. Од почетокот на сезоната на пожари во септември, ова е третпат кога во најнаселената држава Австралија е прогласена за вонредна состојба.

„Ние не донесуваме такви одлуки лесно, но сакаме да осигураме дека се преземени сите неопходни мерки за да се подготвиме за она што може да биде ужасна сабота“, рече премиерката.

Фото: accuweather.com

Илјадници луѓе почнаа да ја напуштат областа и долга колона возила се протега по автопатот што води кон Сиднеј. Пред најавата за вонредни состојби, Противпожарната служба на Јужен Нов Велс утрово побарала од туристите да ги напуштат местата во крајбрежната зона на 200 километри од градот Бејтменс Беј кон југ и државата Викторија.

„Туристите треба да заминат пред сабота, што ќе биде „опасен ден“ со засилен ветер и температури над 40 Целзиусови степени. Бројни туристи поминаа две ноќи отсечени во места без електрична енергија и комуникација со мали количини храна. Евакуацијата на туристичката зона ќе биде најголемата досега спроведена во оваа област“, изјави министерот за транспорт на Јужен Нов Велс, Ендру Констанс, за „Еј-Би-Си“ телевизија.

Во пожарите, што од септември пустошат низ Австралија и повремено навлегуваат во населените места, досега животот го загубија 18 лица. Во австралиските држави Нов Јужен Велс и Викторија, поради пожарите што не можат да се стават под контрола, оваа недела се исчезнати 17 лица. Огнените стихии уништија површина од околу пет милиони хектари. Само оваа недела во Викторија изгореа 68 куќи, а во соседниот Нов Јужен Велс 381. Во двете држави пожарите се активни на приближно 200 точки.

Австралија вонредна состојба евакуација пожари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.