Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тотал: Преслушани 16 „бомби“, останатите 23 ќе се слушаат во септември

0
By Нова ТВ on July 11, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното рочиште за предметот на СЈО „Тотал“, во кој е обвинет новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување на данок, беа преслушани 16 од вкупно 39 прислушувани разговори од 2011 година.

Адвокатката Анета Бегова на почетокот на рочиштето побара шест разговори да не бидат вклучени како доказ во овој случај, бидејќи разговорите биле водени со адвокатката Надица Бадева од Скопје, која не била повикана од СЈО, ниту пак била ослободена од адвокатската  тајна.

За други пет разговори, пак адвокатите побараа да не бидат пуштени во јавност, бидејќи содржат лични податоци на лица кои не се поврзани со случајот, а при слушањето на „бомбите“ обвинетиот Латас побара дополнително уште еден разговор да не биде достапен за јавноста, по што Судечкиот совет прифати.

Откако побараа разговорите со Надица Бадева да не бидат земени како доказ бидејќи тоа не го дозволува Законот за адвокатура, обвинителката кажа дека приговорот не одговара во фазата во која се наоѓа предметот, бидејќи од претходно имале можност да го поднесат.

Обвинителката Елизабета Јосифовска посочи дека имале прилика да ги преслушаат разговорите во терминот што им го дал СЈО, како и дека во оваа фаза на постапката не бил изведен ниту еден доказ во какво својство биле Латас и Бадева.

Во однос на барањето на одбраната за докажување на начинот од аспект дали тие снимки се дел од доказниот материјал, што СЈО го прими од СДСМ, обвинителите сметаат дека е неосновано.

Обвинителката посочи дека е даден извештај со кој се потврдува дека снимките од материјалот, извештајот и другите докази му се дадени на Латас на 21.6.2017 година.

До овој момент не е изведен ниту еден доказ во кој однос биле Латас, обвинетите правни лица и адвокатката Бадева.

Според одбраната разговорите на Бадева се исклучиво за адвокатски дејствија и дека после неколку години, за друга фирма таа била управител. Таа била ангажирана за справување и стечај на „Тотал“.

Судот не го прифати барањето на одбраната за снимките со спорните разговори да бидат преслушани на крај и донесе одлука да бидат пуштени по редоследот што го дал СЈО, освен оние од кои ќе биде исклучена јавноста.

Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Тој набавката на опремата за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен.

По преслушувањето на 16-те „бомби“ денешното рочиште беше прекинато и ново е закажано за 24 септември.

бомби Латас Тотал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.