Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Траекторија“:По барање на адвокатите, се слушаат само дел од снимките

0
By Нова ТВ on May 29, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд денеска се слушаа „бомбите“ кои Специјалното јавно обвинителство  ги поднесе како доказ за случајот „Траекторија“, односно за изградба на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.

Во еден од разговорите екс министерот Миле Јанакиески го известува екс премиерот Груевски дека Кинезите доставиле понуда за автопатот Миладиновци-Штип.

„Кинезите доставија и официјална понуда за Миладиновци-Шитп од 288 милиони евра, му вели Јанакиески на Груевски. Тој пак прашува – Дали е тоа многу? Јанакиески му објаснува дека не е многу, бидејќи проценетата вредност била 250 милиони евра.

Миле Јанакиески во неколку наврати разговара и со тогашниот амбасадор во Кина, Оливер Шамбевски.

Во еден од нивните разговори, министерот го информира амбасадорот дека тука работата се средува и сега треба да оди во Кина, за да како што вели, потпише таму меморандум со главниот.

„Ова со Кинезите ми е основната база за следните парламентарни избори“ вели Јанакиевски. Во друг разговор Јанакиески го известува Шамбевски дека одлучиле на Кинезите да им дадат едно земјиште што го барале кај Аеродром, а Шамбевски го советува да не брзаат. Исто така, Јанакиевски  вели дека проблем со „Ексим“ банката е како долгот да не влезе во ставката буџетски дефицит, туку како долг.

„ Главен проблем со „Ексим“ банка е што ние бараме да биде преку акционерско друштво, така што, парите нема да влезат како буџетски дефицит, туку како државен долг“ му вели Јанакиески на македонскиот амбасадор во Кина, Оливер Шамбевски. Во Судот присутни беа и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, кои се осомничени дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на буџетот на државата од најмалку 155.117.172 евра.

Специјалното јавно обвинителство за овој случај има обезбедено над 300 бомби, а до сега во судница се слушнаа петнаесетина.

Одбраната на Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и на ексминистерот Миле Јанакиески, побараа дел од „бомби“ за случајот „Траекторија“ да не се пуштат денеска во Основниот суд Скопје 1 во присуство на јавноста, поради заштита на државниот интерес. Судијата Бошевски го прифати нивното барање и на денешното рочиште се слушаа само разговорите за кои адвокатите на обвинетите дадоа согласност.

Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова кажа дека дел од тие разговори се „суштински„ за предметот.

 

 

Груевски Јанакиевски Пешевски Траекторија шамбевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.