Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трагедија: Две лица загинаа во рудникот „Бучим“ кај Радовиш

0
By НОВА ТВ Balaban on October 13, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 13, 2021 15:57

Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб „Плоча“-Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи – чистење на високо недостапни силоси. На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим“ веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт, информираат од рудникот.

Две лица загинаа во рудникот „Бучим“ кај Радовиш денеска во 11:43 часот. Тие биле членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш, а во рудникот биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси.

Во официјалната изјава на рудникот „Бучим” се наведува дека во работната единица флотација се случил несреќен случај, при што две лица се починати.

– Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб „Плоча“-Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи – чистење на високо недостапни силоси. На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим“ веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт, информираат од рудникот.

Оттаму посочуваат дека се известени и повикани сите надлежни органи за извршување на увид.

– Службите за итни случаи и одговорните служби во моментов вршат истрага. „Бучим“ целосно соработува во овој процес. Формирана е и комисија која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања. Резултатите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени, веднаш штом ќе бидат достапни наодите, се додава во официјалната изјава на „Бучим“, од каде искажуваат искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на починатите лица.

Настанот го потврди и портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека увидот е во тек, а го вршат полициски екипи и јавен обвинител. Повеќе детали за трагичниот настан од полицијата се најавуваат за подоцна.

две лица загинаа рудникот „Бучим“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.