Демократскиот сојуз смета дека со Одлуката за аболиција, Ѓорге Иванов го урниса правниот поредок и предизвика огромно незадоволство и хаос во државата.
– Состојбите можно е да излезат од контрола, поради што повикуваме на разумно, одговорно и државничко однесување, се вели во соопштението.
Демократски сојуз бара Иванов да ја повлече одлуката, Ахмети да го откаже учеството на ДУИ на изборите, а претседателот на Собранието Вељаноски да свика седница на Парламентот за да се суспендира одлуката за самораспуштање на Парламентот.
– Вие тројцата можете да излезете од партискиот шинел и да го послушате гласот на разумот и народот, кој е подготвен да протестира се додека не се реши кризата и не создадат услови помилуваните да одговараат пред суд, се вели во соопштението.