Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајановски на Шилегов му оставил долг од најмалку 35 милиони евра

0
By Нова ТВ on November 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Злоупотреби со државни земјишта, финансиски дубиози, коруптивни зделки. Скандал по скандал ги тресат и општините во Македонија. Промената на локалната власт открива сериозни индиции за злоупотреби и криминал на некои од довчерашните општински раководства. Една по една, се множат информациите за катастрофално лошите состојби што ги наследуваат новите локални власти. Отворањето на книгите отвора сериозно проблематични состојби кои ќе бидат предизвик не само за новите локални власти туку и за државните институции.

Алармот во јавноста засега доаѓа од скопските општини каде новите градоначалници во наследство добиле вистински хаос. Само во Градот Скопје како што дознава Дојче веле долговите што ги наследува Петре Шилегов од Коце Трајановскиизнесуваат најмалку 35 милиони евра. Колку за илустрација, станува збор за сума, приближна на годишниот буџет на градската власт. Станува збор за склучени договори со редица фирми во милионски износи кои според информациите во најголем дел ниту се започнати, но ниту се платени.

Слични состојби и во други општини

Проблемот е што сите овие зделки, случајно или намерно, се покриени со скромен или делумен аванс што создава обврска за идна реализација на договорите чија вредност во најголем дел според нашите информации најчесто е „пренапумпана“. Станува збор за разни договори, од типот на градежни активности, одржувања на инфраструктура, обнова на системи, средување на архиви и слично. Од Град Скопје официјално засега не коментираат ништо поконкретно. Состојбата велат е далеку од розова и треба време за да се провери обемната документација. Но од она што досега е отворено, проблемите дефинитивно се од сериозен карактер.

За слични состојби деновиве алармираат и од другите општини. Не само во Скопје, туку и во внатрешноста. Еден од градоначалниците заврши и со лисици на рацете. Станува збор за градоначалникот на Ѓорче Петров Сокол Митровски кој по три мандати на чело на оваа скопска општина заврши во домашен притвор. Заедно со уште неколкумина негови соработници тој е осомничен за злоупотреба на службената положба во случај со државно земјиште. Обемни документации со финансиска содржина се чешлаат и во останатите општини кои се жалат дека се буквално исцедени. Дел од новите раководства во општините се соочиле и со блокирани сметки, но и превработеност. Најкарактеристичен е случајот со општина Карпош каде биле „вдомени“ дури 420 лица, или двојно повеќе од на пример општина Аеродром. Новите општински власти во Карпош веќе почнале и процес за проверка на Деталните урбанистички планови кои во изминатиов период беа силно критикувани во јавноста дека биле кроени и спроведувани во спрега со таканаречената „урбана мафија“.

Експертите предупредуваат дека ваквите состојби во општините веројатно ќе отворат и доста работа за обвинителството. Предизвикот нема да биде само истрагата, туку и одбраната во иднина од можноста за повторување на ваквите појави:

„Ако има зголемен обем од вакви работи кои деновиве ги слушаме во јавноста, институциите ќе имаат доста работа. Сведоци сме дека се отвораат случувања и во локалните власти кои десетина години биле под некој друг. Но она што е важно во процесот е дека не смее да има политички реваншизам. Туку се` она што треба да се сработи да биде максимално професионално. Дури и ако е потребна дополнителна мобилизација на обвинителството. И тоа да се направи како решение. Но не смее да се остави работата само на сомневање, или спектакуларни најави кои подоцна ќе завршат со ништо“, предупредува поранешниот антикорупционер, адвокатот Драган Малиновски.

Да не се премолчуваат злоупотребите

Она што е клучно и што треба да произлезе од целиот овој процес не е само расчистување на сомнежите за корупција и криминал, туку изнаоѓање и механизми за идна заштита од евентуални вакви процеси:

„За да се одбраниме и во иднина од вакви или слични видови на корупција потребен е принципиелен приод кон проблемот. Значи, не смее да се затворат очите ако постојат криминали. Меѓутоа не смее ниту од тоа да се прави кампања. Мора да се има еден институционален одговор кон тоа. Најпрофесионално секој да си ја сработи работата на свое ниво. Тоа што ќе се констатира во општините или што ќе го утврдат ревизорите да си се проследи до обвинителството, а тоа на еден коректен и осмислен начин да го сработи, процесуира и истражи. Значи ќе повторам, не смее да правиме фолклор од тоа. Ништо што има индиции за злоупотреби да не се премолчува, да биде истражено и институциите да работат”, реагира Малиновски.

Во Македонија има 80 општини и Град Скопје низ кои годишно само за јавни набавки се вртат стотици милиони евра. Од анализата на Центарот за граѓански комуникации се гледа дека само во 2016 година општините и Градот Скопје за јавни набавки потрошиле 8,7 милијарди денари или 142 милиони евра. Станува збор за 13% повисока сума од претходната година. Најголем дел од договорите ги склучила општина Карпош, 259, а најмалку општина Градско каде во 2016 имало само една јавна набавка. Најголем дел од парите според анализата на Центарот и во оваа година завршиле кај неколку компании главно од градежниот сектор.

Индиции за криминал и корупција во работењето на дел од локалните власти беа обелоденети и во т.н. опозициски бомби. Во прислушуваните телефонски разговори откри сериозни индикации за спрега помеѓу централната и локалната власт. За дел од овие информации, случаи веќе се водат од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Град Скопје долгови Коце Трајановски општини Петре Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.