Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена 

0
By Zoran Ivanov on April 29, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти ја спасува Украина и дека верува оти ако војната со Русија продолжи, оваа земја многу брзо ќе биде уништена.

-Мислам дека ја спасувам оваа нација. Мислам дека оваа нација наскоро ќе биде уништена. Тоа е голема воена машинерија, рече Трамп во интервју за порталот Атлантик, по повод првите 100 дена од мандатот на американскиот претседател.

Тој потсети дека за време на неговиот прв мандат како претседател на САД, му дал на Киев противтенковски водени ракети „џавелин“.

Да бидеме реални. И да не бев јас – јас сум тој што им ги даде „џавелините“ што ги уништија тенковите. Знаете, тој момент со тенковите беше голем момент, кога (руските) тенкови се заглавија во калта, а јас им дадов (на Украинците) огромен број „џавелини“. Тоа се противтенковски ракети. Знаете тоа е голем момент,  затоа што, ако тие тенкови влезее, а беа на 71 милја од Киев и сакаа да го заземат  Киев. Тоа ќе беше крај на војната, ќе завршеше за еден ден“, рече Трамп.

Тој рече дека американската помош во тоа време во форма на давање „џавелини“ на Украина била „една од причините“ зошто војната во Украина продолжи.

Сега, би можел да тврдам дека е штета што продолжи, затоа што многу луѓе загинаа. Многу повеќе луѓе загинаа во оваа војна отколку што се пријавува. Не само војници. Има многу војници, туку и многу други луѓе. И, знаете, навистина можам да кажам дека бев многу добар затоа што ја спасувам оваа земја, рече Трамп.

Тој додаде дека верува дека „ѝ прави голема услуга на Украина“ со тоа што активно учествува во преговорите со Русија за постигнување прекин на огнот.

Трамп повтори дека „војната во Украина никогаш немаше да се случи“ ако тој беше претседател на САД во претходните четири години.

Тоа никогаш немаше да се случи, и не се случи четири години, рече Трамп, осврнувајќи се на неговиот прв претседателски мандат, од 2017 до 2021 година.

Кога беше прашан дали мисли дека може да се случи ситуација во која неговата администрација ќе испрати целосна поддршка на Украина за да го зачува нејзиниот територијален интегритет, Трамп одговори дека таквата поддршка „не мора да биде оружје“.

Постојат многу видови оружје. Не мора да биде оружје со куршуми. Може да биде оружје – санкции. Може да биде оружје со банкарство. Може да биде многу друго оружје, рече Трамп.

 

Русија спасува Трамп Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.