Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп на Truth Social: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за завршување на војната

0
By Zoran Ivanov on May 19, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тукушто го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, и што е уште поважно – за КРАЈ на војната. Условите за ова ќе бидат договорени меѓу двете страни, бидејќи тоа е единствениот начин да биде – тие ги знаат деталите од преговорите што никој друг не би можел да ги знае. Тонот и духот на разговорот беа одлични. Да не го стореа тоа, ќе го кажев сега, а не подоцна, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social,во својата првична реакција по телефонскиот разговор со својот руски колега.

Русија сака обемна ТРГОВИЈА со САД кога ќе заврши ова катастрофално ’крвопролевање’, и јас се согласувам со тоа. Постои огромна можност Русија да создаде огромен број работни места и богатство. Нејзиниот потенцијал е НЕОГРАНИЧЕН. Исто така, Украина може да биде голем победник во трговијата, за време на реконструкцијата на својата земја, напиша Трамп.

Според американскиот претседател преговорите меѓу Русија и Украина ќе започнат веднаш.

Ги информирав претседателот Володимир Зеленски од Украина, Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и финскиот претседател Александар Стуб за ова – сите тие разговараа со мене веднаш по мојот разговор со претседателот Путин, додаде тој.

Ватикан, претставуван од папата Лав XIV, изрази голем интерес да биде домаќин на разговорите. Нека започне процесот!, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truтh Social, веднаш по двочасовниот телефонси разговор со Путин.

 

Путин разговор телефон Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.