Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Од денеска нова визија ќе ја води Америка

1
By Нова ТВ on January 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 20, 2017 19:47

Од денеска нова визија ќе ја води земјата, САД повторно ќе биде на прво место и повторно ќе победува, рече во говорот новиот американскиот претседател Доналд Трамп, при давање на заклетвата.

„Ќе се памети овој 20 јануари 2017 година, ден кога народот стана владетел на оваа земја, повторно“, порача Трамп во говорот по положувањето на заклетвата во Капитол Хол, со што и официјално стана 45 претседател на САД.

„Ние граѓаните на САД сега сме заедно во големиот национален зафат. Ќе го одредиме курсот на Америка. Ќе се соочиме со предизвици и тешкотии, но ќе ја завршиме работата, рече Трамп.

Според новиот претседател, САД ќе бара пријателство и добра воља во односите со другите земји во светот, но се разбира, дека право на сите нации е своите интереси да ги стават на прво место.

„Не бараме да го наметнеме нашиот начин на живот на другите, но ќе бидеме пример, кој сите ќе го следат. Ќе ги зајакнеме старите алијанси, ќе воспоставиме нови, ќе го истребиме исламскиот тероризам од лицето на земјата“, истакна Трамп.

Тој рече дека церемонијата има посебно значење, не само заради тоа што се предава власта од една администрација на друга, или од една партија на друга, туку заради тоа што “власта се префрла од Вашингтон и му се дава на народот“.

Според Трамп, долго време една мала група во престолнината на САД ги жнеела плодовите додека луѓето плаќале цена. Вашингтон цветал, а луѓето не го делеле богатството, политичарите оделе напред додека фабириките и работните места се затворале, естаблишменотот се штител себеси, но не и граѓаните.

„ Се тоа се менува од ова место и овој момент е ваш. Ова е ваш ден, ваша прослава. САД е ваша земја“, рече Трамп.

Тој рече дека САД со децении ја подржувале странската индустрија и земјоделството на другите земји на сопствена штета, ги бранеле границите на туѓите земји, одбивајќи да ги бранат своите. Потрошени се илјадници милијарди долари во странство додека американската инфраструктура падна во очајна состојба, а богатството, смислата и самоувереноста на САД се распадна и милиони работници останаа заборавени додека другите земји станаа богати, потенцира Трамп.

„Тоа е минато, сега гледаме во иднината. Од овој ден нова визија ја води нашата земја, Америка ќе биде на прво место“, рече Трамп.

Тој најави нови патишта, мостови, аеродроми, тунели, железница, дека ќе ги врати луѓето на работа.

„Ќе ја градиме нашата земја со наши раце. Ќе ги почитуваме двете правила: Купувајте американски производи и вработувајте ги Американците“, нагласи Трамп.

Тој рече дека САД ќе ја направи богата држава, безбедна и повторно голема.

 

визија говор Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.