Американскиот претседател Доналд  Трамп штотуку преку Твитер потврди дека државниот секретар Рекс Тилерсон е сменет и дека на негово место доаѓа досегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео.

-Мајк Помпео, директорот на ЦИА, биде нашиот нов државен секретар. Тој одлично ќе ја извршува оваа работа! Му благодарам на Рекс Тилерсон за неговите заслуги. Џина Хаспел ќе биде новиот директор на ЦИА, и е првата жена на оваа функција. Им честитам на сите!, напиша на Твитер.

Џина Хаспел

Тилерсон, беше именуван за американски државен секретар, веднаш по изборот на Трамп за претседател.  Првите информации дека е можно тој да се повлече ги објави „Њузвик“, уште  во јули минатата година. Неделникот, тогаш оцени  дека Тилерсон „се чувствува потиснат на страна“ од Трамп и од Администрацијата.

Според „Њузвик“, државниот секретар бил длабоко навреден кога за контроверзната одлука да се забрани влез во САД на државјаните од шест доминантно муслимански земји, тој воопшто не бил консултиран, а се противел и на  одлуката на Трамп, САД да го напуштат Парискиот договор за климатски промени.

Тилерсон, наводно не се согласувал со тоа главен советник на претседателот на САД за надворешна политика да биде „еден 36-годишен аматер“, мислејќи при тоа на зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

Трамп, денеска не ги наведе причините поради кои му дава отказ на Тилерсон.

Висок официјален претставник на Белата куќа изјави за Си Ен Ен дека претседателот Трамп побарал од началникот на Генералштабот Џон Кели да го повика Рекс Тилерсон во петокот вечерта.

Официјалниот претставник вели дека Кели му кажал на Тилерсон дека ќе биде сменет, но не прецизирал кога.

-Ова е начинот на кој претседателот сакаше да го направи тоа, изјавил неименуваниот претставник на Белта куќа, додавајќи дека одраз на неговиот начин на комуникација. Како што вели, човекот кој стана познат по реченицата од ријалити шоуата “ти е отпуштен”,  всушност ретко го прави тоа лично.

Стив Голдстајн, потсекретар за јавни работи на Стејт департментот, потврди дека Тилерсон добил повик во петокот вечер од Кели и истакнува дека Тилсон бил известен за утрово пред да биде објаве твитот на Трамп.

Во текот на мандатот, Тилерсон неколку пати дојде во конфликт со Трамп.

Тилерсон го повика Трамп да потврди дека Иран се однесува во согласност со нуклеарниот договор, додека Трамп постојано го нарекуваше овој  договор “еден од најлошите” што некогаш го видел.

Тилерсон исто така побара од Трамп да ја повтори поддршката за принципот на заедничка одбрана на НАТО, но Трамп тоа не го стори.

Тилерсон исто така работеше на постигнување дипломатско решение во Северна Кореја. Но наспроти тоа, Трамп ветуваше “оган и бес” и го нарече лидерот  Ким Јонг Ун “малиот човек со ракетата”.

Тилерсон исто така неколкупати упати обвинувања на сметка на Трамп. Минатата година, Трамп изјави дека постои вина за “двете страни” за насилството во Шарлотсвил, на што Тилерсон одговори: “Претседателот зборува во свое име”.