Францускиот фудбалер Антоан Гризман (25), како што известуваат дел од светските медиуми, се договорил за трансфер од шпански Атлетико Мадрид во Манчестер јунајтед. Трансферот, доколку се покаже дека е официјален, ќе биде комплетиран во летниот трансфер период по завршување на сезоната.
Јунајтед, за услугите на францускиот напаѓач, ќе плати 100 милиони евра на клубот од Мадрид.
Премиерлигашот моментно е шести на табелата со 14 бода заостанување во однос на лидерот Челзи.
Од друга страна Гризман е профилиран напаѓач кој минатата сезона даде 14 погодоци во 39 настапи.
Тој се прослави и во дресот на репрезентацијата на Франција постигнувајќи шест гола на Европското првенство.
„Триколорите“ играа во финале на турнирот што го организираа во кое загубија од Португалија со 0:1.