Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Транспаренси: Молкот на Владата за дивоградбата на Мијалков на „Горица“

0
By Zoran Ivanov on July 2, 2025 ОПШТЕСТВО, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Молк по алармот на невладините организации дека на повеќе локации во Охрид незаконски се гради. Во пресрет на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој за помалку од еден месец ќе пресече дали Охридскиот Регион ќе биде впишан на Листата на светски наследства во опасност, од Фронт 21/42 порачуваат дека надлежните институции не покажуваат свест за вредностите на светското наследство, ниту одговорност кон идните генерации“, се вели во извештајот на Транспаренси.

Стефан Крстески

Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл – Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во јуни.

Како дел од „матните“ настани во месец јуни предничат ревизиите на ДЗР на Управата за водење на матични книги, Општина Центар и ЕЛЕМ Турс.

„И покрај тоа што дигитализацијата на матичните книги започнала пред повеќе од една деценија, и вложени се над 520 милиони денари, со ревизијата се утврди дека процесот сè уште не е завршен, односно скенирани се 52% од записите, а внесени во електронскиот регистар се 49% од предвидениот обем на активности. Државниот завод за ревизија утврди слабости во финансиското работење на Општина Центар – Државниот завод за ревизија утврди сериозни слабости во финансиското работење на Општина Центар за 2023 година. Според извештајот, општината има ненаплатени побарувања од над 4,4 милиони евра, без утврдена рочна структура или правна можност за наплата. Дополнително, во делот на јавните набавки се констатирани бројни неправилности кои го нарушуваат принципот на конкуренција и транспарентност, предвиден во Законот за јавни набавки, стои во извештајот на ревизорите. ДЗР: Регионален развој без резултати – Јавните инвестиции заглавени во локални приоритети – Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Ефекти од јавни инвестиции во рамномерен регионален развој“, со цел да утврди дали јавните инвестиции се ефикасно и ефективно планирани и спроведени, и дали придонесуваат за долгорочно одржлив регионален развој. Непостоење на јасен критериум за регионални проекти, распределба  на средства преку линиските министерства наспроти распределба на средства преку Програмата за рамномерен регионален развој, распределба на средства на општини и проекти без јавен повик во нетранспарентна постапка, отсуство на систем за оценка и одржливост  на проектите има влијание на ефектите од јавните инвестиции во регионалниот развој. ДЗР: ЕЛЕМ ТУРС со големи загуби и застарени капацитети – Државниот завод за ревизија ја објави анализата на финансиските извештаи и работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје за 2023 година, при што констатира сериозни финансиски и управувачки проблеми. Според ревизорите, компанијата се соочува со акумулирани загуби од околу 1,2 милијарди денари и задолженост која надминува 268 милиони денари. Во извештајот се нагласува дека застарените сместувачки капацитети, нерационалното трошење на средства и несоодветното управување сериозно ја нарушуваат стабилноста на друштвото. Особено загрижува недостатокот на осигурување на имотот и средствата, како и прекумерниот ангажман на аутсорсинг услуги со исплати над предвидените договори“, се вели во извештајот на Транспаренси.

Како втор најматен настан за минатиот месец е извештајот на Судскиот совет, во кој е утврдено дека судовите се неажурни во работата, и во фиока им стојат 150 илјади предмети.

„Судовите во Македонија се неажурни. По првите три месеци од годината не успеале да ги решат заостанатите и ново пристигнати предмети, па пред судиите, за решавање останале близу 145 илјади предмети. Според извештајот на Судски совет, од вкупно 34 судови, единствено ажурни се судовите во Штип, Велес, Радовиш и Виница. Од советот велат заради бројните празници во јануари, вообичаено било во првото тримесечје судовите да не успеат да ги совладаат предметите, но, главниот проблем го гледаат во недостигот од судии и административен кадар.“

Како трет „матен“ настан за јуни е годишниот извештај на Обвинителството. Оттаму се жалат на намалените кадровски капацитети, и работа која не може да се постигне и да се заврши.

„Така, според документот, во текот на 2024 година основните јавни обвинителства во државата постапувале против вкупно 37 255 сторители на кривични дела, од кои 25 909 сторители биле новопријавени. Во оваа насока од Обвинителството нотираат дека споредбата на податоците покажува дека минатата година е регистрирано значително зголемување на бројот на новопријавени сторители на кривични дела во однос на претходната 2023 година за околу 10 проценти.“

Исто така како дел од матните настани е и молкот на Владата за дивоградбата која „никнува“ на „Горица“ на брегот на Охридското Езеро, во сопственост на Мијалкови. Невладините организации иако бараат да се запре градбата но „кучињата лаат, караванот си врви“, на големо се работи, Владата и локалната самоуправа не преземаат никакви чекори за престанок на градежните работи.

„Молк по алармот на невладините организации дека на повеќе локации во Охрид незаконски се гради. Во пресрет на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој за помалку од еден месец ќе пресече дали Охридскиот Регион ќе биде впишан на Листата на светски наследства во опасност, од Фронт 21/42 порачуваат дека надлежните институции не покажуваат свест за вредностите на светското наследство, ниту одговорност кон идните генерации“, се вели во извештајот на Транспаренси.

Како последен матен настан, Транспаренси Македонија го вметнува случајот „Крмзов“ во кој се опфатени 23 физички и 15 правни лица осомничени за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и несовесно работење.

Во „бистри“ случаи на Транспаренски интернешнл – поднесените 36 кривични пријави и откривање на криминал тежок 30 милиони евра од страна на Финансовата полиција, поднесувањето на 20 кривични пријави од страна на „Мајката на Скопје“, Данела Арсовска за дивоградбите во Чаир, најавите на ДКСК за покренување на кривична постапка на јавно комунално претпријатие поради незаконски јавни набавки, затворската казна која ја доби раководителот од Маврово кој беше фатен на дело со поткуп како и потврдата на  Вишиот управен суд  со што се утврди дека големи веледрогерии склучиле забранет договор.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

диво Мијалков Охрид Унеско хотел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.