Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Со ССМ ќе разговараме за зголемување на минималната плата на 18.000

0
By Biljana on January 31, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 31, 2022 10:30

Министерката информираше дека инспекциските служби будно ја следат имплементацијата на Законот за работни односи и на Законот за трговија во врска со законското решение недела да биде неработен ден со кој 92% од работниците нема да работат.

Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари а до крајот на мандатот на 20.000 денари, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за утринската програма на МРТВ.

„Денеска со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија имаме состанок кај вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Ќе разговараме за минималната плата и за дијалогот кој ќе го продолжиме понатаму во Економско социјалниот совет за да изнајдеме најдобро решение прифатливо за сите“, рече министерката Тренчевска.

Тренчевска посочи дека од почетокот на годината извршени се 163 инспекциски надзори при што се констатирани 34 неправилности за кои се изречени инспекциски мерки. Од нив 29 се решенија за опомена согласно Законот за работни односи а 5 се за забрана согласно Законот за трговија.

„Сите податоци од извршените инспекциски надзори јавно се објавени на страницата на Државниот инспекторат за труд. Наскоро очекувам да биде објавена и листата на работодавачи кои што доставиле известување, согласно Законот за работни односи, од обврската пријава дека ќе работат во недела. Така сите заинтересирани граѓани и медиуми можат да следат кои работодавачи ќе работат во недела. Ако видат дека некој нема пријава за работа во недела ќе може да ја пријават неправилноста“, рече министерката Тренчевска.

Според Тренчевска праксата ќе покаже какви се ефектите од имплементацијата на недела неработен ден, бидејќи на терен Законот за недела неработен ден се спроведува само еден месец. Со дополнителни анализи ќе се утврдува дали целта е постигната.

Со новото законско решение 8% од работниците кои работат во техничко – технолошкиот процес кој не може да биде прекинат во недела, ќе добиваат 50% повисока дневница и дополнително еден слободен ден во текот на наредната недела.

Тренчевска информираше дека Министерството за труд и социјална политика од отворањето на градинките во септември 2020 година до денес, будно ја следи состојбата во врска со пандемијата предизвикана од Ковид 19 и дека процентот на вакцинирани вработени во детските установи е висок.

закон за минимална плата Јована Тренчевска минимална плата . недела неработен ден ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.