НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трет сет економски мерки од 355 милиони евра, вкупниот државен влог над пола милијарда евра

0
By Нова ТВ on May 17, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Третиот пакет економски мерки за справување со корона-кризата е изготвен и споделен со јавноста. Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека истиот ќе овозможи заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството.

„Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска понуда. Со новата развојна економија ќе ја зголемиме и нашата конкуретност, и во регионот и пошироко. Ефектите од овој нов пакет економски мерки се на сите нивоa, ќе ги осетат сите граѓани и многу ресори во економијата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зашто секој треба и секој ќе добие поддршка“, нагласи Спасовски.

Овие мерки, според него, ќе придонесат за:

• Поттиккнување на приватната потрошувачка на граѓаните, ќе може повеќе да се троши, за подобро да се живее и повеќе да се работи

• Заштита на посточките, и креирање и нови работни места, особено во секторите кои ќе ја употребат дигитализацијата

• Зголемена конкурентност на нашите компании на домашно, регионално и глобално ниво

• Интервентно активирање на домашниот туризам

• Промоција на нови земјоделски култури и поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно прозиводство

• Развој на економските дејности со воведување ИТ и онлајн активности и алатки

• Формализирање на дел од неформалната економија

• Стимулирање и зголемување на безготовинските и онлајн плаќања, како инструмент за сузбивање на сива економија

Со третиот сет на економски, како што потенцира техничкиот премиер, се опфатени неколку категории на граѓаните и тоа невработени лица, социјално ранливите категории, младите (средношколци, студенти и млади до 29 години), домаќинствата со ниски примања, медицинските лица, а насочени се и кон економијата – погодените сектори од кризата, домашните компании (производствени, прехрамбени и други капацитети), извозните комапнии, услужната дејност, земјоделството и туризмот.

„Ние одлучивме дека оваа здравстена и финансиската криза нема да ја гледаме само како проблем и ризик, туку, пред сè, како нова можност за нова македонска економија, за структурни промени и раст. Вкупната вредност на мерките од првиот и вториот пакет економски мерки опфаќаше сума од 200 до 250 милиони евра или 2 oтсто од БДП. Третиот сет мерки ќе изнесува 355 милиони евра. Вкупниот влог во новата развојна македонска економија, трите пакети мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5 до 5,5 отсто од БДП и со нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници“, истакна Спасовски од говорницата во Владата.

Платежни картички за граѓаните – за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности

Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги. Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи, според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош. Со оваа мерка, како што рече Спасовски, се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашни производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија. Но, пред сè, ќе биде во насока и на зголемување на куповната моќ на граѓаните и со тоа се олеснува животот во услови на криза.

Со оваа мерка се опфатeни околу 100.000 граѓани, а платежна картичка може да се користи само за домашни компании, производи и услуги и во определен период од 30 дена. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра. Спасовски најави и ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра.

„Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам. Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи во 2018 година, според УЈП. Оваа мерка опфаќа околку 100.000 граѓани, а вредноста е 16 милиони евра. Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картица поттикнуваме купување на домашни производи и услуги“, посочи премиерот.

Спасовски најави парична поддршка и за студентите и за средношколците од 100 евра и платежна домашна картичка од 50 евра.

„Силна поддршка за младите, за да продолжи образовниот процес непречено и за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и средношколскиот стандард. Со оваа мерка се таргетираат 100.000 корисници, нашите млади сограѓани, а вредноста на мерката е девет милиони евра. Мерката опфаќа ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци. Мерката вклучува и платежна картичка за студенти и средношколци, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги“, истакна Спаровски.

Премиерот посочи и ваучери за кофинансирање на обуки, на тренизни и на курсеви за ИТ и дигитални вештини. Преки покривање на трошоците за тренинзи и обуки, истакна тој, „ги подржуваме младите да стекнат знаења и ИТ вештини кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија“. Со мерката, како што вели, ќе бидат опфатени од 7.000 – 10.000 млади лица на возраст до 29 години, во вредност од 3 милиони евра.

Во третиот пакет економски мерки е вклучен и викенд без ДДВ за сите граѓани.

„Преку поевтини цени за граѓаните, поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавниците за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Oчекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе се слеат во македонското стопанство“, рече Спасовски.

Тој најави и паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април во 2020 година.

„Со оваа мерка им даваме можност за паричен надоместок на сите лица кои ја изгубиле својата работа, вклучувајќи ги и оние кои го прекинале својот работен однос преку писмена изјава, спогодбено, но и добиле отказ од работодавачот. Оваа мерка ги опфаќа лицата кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, кои имаат престанок на работа по сонов на невработеност за давање на писмена изјава за престанок на работниот однос, спогодбен престанок на работниот однос и за престанок на работниот однос со отказ од страна на работодавачот“, рече Спасовски.

Директна поддршка на македонското стопанство – иновативност и развој за зачувување на постојните работни места и за отворање на нови

а) Бескаматни кредити за фирми преку Развојната Банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра – поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бинисот. Оваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милион евра ќе биде достапна за сите микро и мали компании, а истата ќе понуди и 30 отсто грант (неповратни средства) за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење

б) Државна гаранција за комерцијални кредити за поддршка на старт-ап и мали и микро компании. Државата става на располагање финансиски средства од 125 милиони евра на извозно ориентираните компании, за поддршка и преземање на дел од ризикот за комерцијалниот кредит

в) Гаранција за обезбедување на царинскиот долг – за поголем извоз и полесен пристап до суровини за домашните компании. Со гаранцијата за обезбедување на царинскиот долг ќе се поддржи извозот и ќе се олесни пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра преку Развојната банка на РСМ

г) Нови 25 милиони евра за приватниот сектор – за нови пазари, конкурентност и модернизација. Согласно законот за финансиска поддршка со 25 милиони евра преку програмата за зајакнување на конкурентноста на индустријата, се отвора можност за помош на компаниите за освојување на нови пазари, за зголемување на нивната конкурентност како и за модернизација на процесите

д) Дигитална платформа за нови пазари за текстилните компании. Со финасиска поддршка од еден милион евра ќе се помогне на овие индустрии да креираат платформа на која ќе може да ги пласираат своите производи на нови пазари

ѓ) Поддршка за развој на домашни старт-ап продукти и услуги преку ФИТР. Нови 1,6 милиони евра за развој на иновативни продукти и услуги преку ФИТР, како и трансформирање на македонско туристичко село во скопско Нерези во македонско старт-ап село. Со оваа мерка директно ќе се стимулира отворањето на нови сопствени бизниси

е) Кофинансирање на настани и конференции со 50 отсто финансиска поддршка од државата најмногу до 30.000 денари. Со финансиска помош од 245.000 евра ќе се помогне на компаниите преку субвенционирање на 50 отсто од трошоците за организација на настани, обуки и конференции, до максимален износ од 30.000 денари.

Поддршка за земјоделците – нови приходи од плодната македонска земја

а) Поддршка на аграрниот сектор од пет милиони евра преку Развојната банка. Со 5 милиони евра се планира поддршка на микро, на малите и на средни претпријатија кои вршат примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени земјоделски производи

б) Платежна картичка за субвенционирање на 50 отсто од зелената нафта за земјоделците. По ланското субвенционирање од 30 отсто, со оваа мерка се зголемува субвенционирањето на потрошувачката на залена нафта на 50 отсто. Оваа мерка ќе опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4,6 милиони евра

в) Стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти. Преку оваа мерка се стимулираат преработувачите на грозје и на винариите да произведуваат алкохолен дестилат кој ќе се користи од страна на домашните хемиски компании за производство на средства за дезинфекција. Во следните три години, финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони евра

г) Се овозможуваат јавни-приватни партнерства во лозарството и во тутунскиот сектор. Преку модернизирање и ставање во функција на капацитети во производство на преработки од тутун и грозје со цел понатамошно уште посилно развивање на лозарството и тутунскиот сектор, како земјоделски гранки кои се повеќе и повеќе извозуваат. Оваа стратешка определба ќе донесе голем бенефит, првенствено за македонските лозари и тутунари, но и за самата држава и брутодомашниот производ. На краток рок, очекувањата за инвестициите треба да достигнат 10 милиони евра

д) Окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство. Оваа мерка овозможува ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште како и охрабрување на домашното земјоделско производство, но и на нови инвестиции во овој сектор. Од оваа мерка се очекуваат приходи од 250 милиони евра во следните три години и зголема конкурентност на македонското земјоделство

ѓ) Долгорочен закуп на пасишта. Преку оваа мерка се овозможува издавање на пасиштата на долгорочен закуп со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500.000 хектари пасишта за напасување на добитокот

е) Програма за финансирање на микро земјоделски компании. Со три милиони евра ќе се овозможи финасирање на старт-ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка, но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи

ж) Модернизација на земјоделство. Со оваа мерка преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра ќе се овозможи модернизација на македонското земјоделството со цел зголемување на конкуретноста и профитабилноста

Благодарност за најизложените здравствени работници

Награда од 20 отсто од основната плата за два месеца, најави премиерот Спасовски. Ова, како што најави, се однесува за докторите и за медицинскиот персонал на инфективните клиники и одделенија, Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош.

Ваучери Економски мерки здравство земјоделство Оливер Спасовски платежни картички стопанство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.