Германски крузер, кој е на крстарење по Дунав, заврши во карантин крај Виена, откако во него е регистриран голем кластер на инфицирани патници со ковид-19.
Според виенскиот Кризен штаб, на пловниот објект со 178 патници се дијагностицирани 80 позитивни наоди на коронавирус, поради што сите туристи, вклучително и екипажот, завршија во карантин и со забрана за напуштање на бродот.
Крузерот отплови од германскиот град Пасау, а заразените патници биле откриени при тест на дел од нив кои изразиле желба за прошетка низ Виена. Од Виенскиот кризен штаб посочуваат дека се работи на изнаоѓање на решение за враќање на патниците во Пасау.