Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три дена по полициската акција,сменет е директорот на струшкиот затвор

0
By Нова ТВ on July 11, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на струшкиот затвор Арменд Шаќири вчера бил разрешен на владината седница по негово барање. Тој пред неколку дена доставил писмо до Владата во кое бара да биде сменет. Експресната смена на Шаќири следува три дена по полициската акција во Струга, во која беа уапсени повеќе лица за продажба на дрога и оружје.

Портпаролот на Владата Мухамед Хоџа не потврди дали  повлекувањето на Шаќири од директорската позиција е поврзано со полициската акција во Струга.

„Како Влада не можеме да ги коментираме постапките на другите инситиции како што беше полицсиката акција“ кажа Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.

Министерството за внатрешни работи во соработка со ОЈО за организиран криминал и корупција во саботата  изврши  претрес во просториите на Казнено поправниот дом во Струга и во други локации низ градот и во околината. Беа  уапсени шест лица,  а еден е во бегство. Еден од уапсените е осуденик кој се барал со потерница за издржување казна затвор од 13 години за ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

„Во истрагата е утврдено дека на криминалната група и помагал и инспектор од полициската станица Струга и против него ќе бидат преземени соодветни мерки. Пред постапувањето на полициските служебници, пред затворот во Струга, биле забележани две непознати лица со патничко моторно возило ,,Форд фиеста,, со албански регистарски таблички и при обидот да бидат легитимирани, истите не поседувале документи за идентификација . При прегледот на возилото, пронајдена е марихуана и лицата се приведени“, соопштија од МВР. Од таму додадоа дека „ќе продолжат со истрага за обезбедување материјални докази и за други луѓе за кои полицијата се сомнева дека сториле кривични дела, злоупотреба на службена положба“.

Шаќири беше именуван за директор на струшкиот затвор во мај годинава.

 

директор затвор полициска акција разрешен Струга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.