Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три деца меѓу жртвите во руски ракетен напад врз Краматорск

0
By Соња Крамарска on June 28, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓу жртвите кои се извлечени од урнатините на погодениот локал се наоѓаат и три деца, соопштија краматорските власти денеска утрото. Две од децата биле родени во 2008 година а едното во 2011 година. Во нападот се ранети најмалку 56 луѓе.

Првичните информации, соопштени синоќа по ударот на ракетата, беа дека загинале 3 лица, а повеќе од 40 се повредени.

Спасувачките екипи морале претходно да ги расчистуваат урнатините во потрага по преживеани во ресторанот во центарот на градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски овој нов напад врз градот Краматорск во својата вечерна видео порака синоќа го осуди најостро и рече дека тоа е уште едно воено злосторство.

„Ваквиот терор за нас и за целиот свет е уште еден доказ дека Русија за своите дела заслужува само едно: пораз и изведување пред судот на правдата“, рече тој.

Претходно и украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко соопшти дека руската армија во два наврати во вторникот вечерта го ракетирала Краматорск и меѓу другото е погоден и еден ресторан.

Во агресорската војна која Русија веќе подолго од 16 месеци ја води против Украина, без оглед на официјалните тврдења од Москва, постојано се вршат напади со ракети и дронови врз украинските станбени области во кои чести жртви и повредени се цивили.

извор: Дојче Веле

 

деца жртви руски напад врз Краматорск Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.