Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тридневна жалост во Тетово за настраданите во пожарот

0
By Нова ТВ on January 26, 2018 ПОЛИТИКА
Фото Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со минута молчење започна денешната вонредна седница на Советот на Општина Тетово посветена на последиците од вчерашниот голем пожар на ул. „Гоце Делчев“ во градот при што настрадаа Фатиме Зулбеари и нејзините 4 малолетни деца.

Советниците го усвоија Извештајот од командирот на Противпожарната единица Ука Алити околу преземените мерки за справување со огнената стихија, но, како што рече Алити, и покрај сите напори на ангажираните пожарникари и техниката со која располагаат тие, иако успеале да го спречат проширувањето на пожарот на околните објекти, за жал не успеале да ги спасат животите на петте членови на семејсвото Зулбеари.

Советниците усвоија одлука со која на семејството Зулбеари им се доделува помош од два милиони денари од резервите на буџетот на oпштина Тетово, а исто така донесоа и одлука со која прогласија тридневна жалост за време на кое нема да се организираат настани од спортот, културата и други јавни настани.

Градоначалничката Теута Арифи потенцираше дека oпштината ќе се обиде да им помогне како на семејството Зулбеари, така и на другите што побрзо да продолжат со нормално живеење на семејството Зулбеари.

– Семејството Зулбеари покрај паричните средства веќе му е обезбедено сместување со помош и на други хумани лица за да им се тргне барем малку од товарот што тие во моментот го чувствуваат, додека за останатите семејства што претрпеа материјална штета во вчерашниот пожар формирана е комисија која во следните денови ќе ги констатира штетите и ќе определи соодветен надомест за тоа, рече Арифи.

Владата на семејството ќе му додели 300.000 денари, а Министерството за труд и социјална политка 30.000 денари помош.

ден на жалост пожар Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.