Најмалку триесет лица се мртви по немирите кои се избувнаа вчера во две држави во северна Индија откако Судот пресуди дека верскиот гуру Рам Рахим Синх е виновен по обвиненијатаа за силување на две од неговите следбенички.

Индиската армија вчера пристигна во радот Панчкула кратко откако Судот пресуди дека Рахим Синх е виновен. Самопрогласениот „човек на Бога“ и лидер на сектата „Дера Сача  Сауда“ беше однесен во притвор, а во понеделник по формалното читање на пресудата се  очекува да биде префрлен во државниот затвор во државатта Харуана.

Властите во Индија потврдија дека  до вчера вечер билансот е најмалку триесет мртви и 250 повредени во немирите. Во делови на Харуана и Пинџаб прекината е кабловската телевизија и интернетот откако 200,000 членови на сектата ги поведоа демонстрациите кои потоа прераснаа во насилства.