Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тројачанец: Активностите за избор на ректор на УКИМ во мирување

0
By Нова ТВ on June 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 9, 2020 14:10

До четвртокот, кога функциониравме, имаше само еден најрегуларно пријавен кандидат, изјави Пламен Тројачанец, претседател на Универзитетската комисија за избор на ректор на УКИМ. Со владината Уредба, појаснува тој, дејствијата се ставаат во мирување и пријавите од петокот и од вчерашниот ден нема да важат, иако не е спорно дека има пријавено кандидати.

„Комисијата се состана вчера бидејќи добивме правна поука дека согласно новата Уредба сите дејствија се ставаат во мирување. Тоа автоматски подразбира и нашата работа. Процесот е целосно во мирување што подразбира и роковите и пријавување на кандидати. Јас не знам колку бидејќи сега немам потреба да ги гледам, зашто сме во мирување сè додека не биде прекината вонредната состојба“, изјави Тројачанец.

Додаде дека Комисијата не го прекинува процесот, зашто таа не го ни почнала, туку само го спроведува и сè ќе продолжи, како што рече, откако соодветните органи на државата ќе кажат дека има законски услови, т.е. ќе се прогласи завршување на вонредната состојба.

„Активносите се ставени во мирување викендот и во неделата излезе во Службен весник. Сите тие кандидати кои планираа да се кандидираат сигурно имаат правни советници кои требало да им кажат дека сè се става во мирување“, рече Тројачанец.

Запрашан зошто тогаш вчера се примале документи за кандидатури, Тројачанец одговори дека тоа е негов пропуст зашто поради природата на неговата работа како ветеринарен хирург доцна дошол во Ректоратот и ја известил службеничката.

„Но тоа е најмалку спорно. Тие кандидати требало да знаат за одлуката за ставање во мирување што беше објавена претходниот ден во Службен весник. Во никој случај ним нема да им се скрати уште тој еден ден за пријавување откако ќе се создадат законски услови и можности да продолжиме со работа“, додаде Тројачанец.

вонредна состојба Избор Кандидатури Пламен Тројачанец ректор Универзитетска комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.