Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатникот од мотоциклот Б.А.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот А.И. 

Во СВР Скопје вчера во 13:25 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска Бригада“ и ул.„12-та Македонска бригада“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“, управуван од Л.Т.(19) од Скопје и патничко возило „фиат уно“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(38) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатникот од мотоциклот Б.А.(19) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот А.И., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.