Оливер Ошавковски, Сашо Сенков и Николче Димитриевски се осомничени за нападот врз пратеникот Зијадин Села, сооппшти денеска Обвинителството.
Во сооопштението се наведува дека овие три лица, кои беа препознаени од граѓаните преку фотографии кои ги објави МВР за насилствата во Собранието на 27 април, истрагата е проширена со овие три лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.
Судија на претходна постапка вчера им определи мерка притвор во траење од 30 дена за трите осомничени лица. Освен ова, притвор во траење од 30 дена беше определен и за петтото лице (Александар Јаневски Тошта) кое беше претходно лишено од слобода за истиот настан и за кое одлуката на Судот беше одложена заради влошена здравствена состојба на осомничениот.