Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Притвор и за насилниците кои МВР ги бараше со фотографии

1
By Нова ТВ on October 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 18, 2017 23:51

Оливер Ошавковски, Сашо Сенков и Александар Јаневски – Тошта добија по 30 дена притвор додека Николче Димитриевски се уште е во Судот каде ја чека одлуката, откако сите беа уапсени вчера, во врска со насилствата во Собранието на 27 април.

Ошавковски, Сенков и Димитриевски беа уапсени откако МВР преку фотографии побара помош од граѓаните со информација која би довела до нивна идентификација и апсење. Сите тројца беа уапсени вчеравечер.

Претходно денеска 30 дневен притвор јавен обвинител од ОЈО определи Андреј Мицов (22), Никола Војминовски (39), Коста Делов (26) и Стојан Павлески – Кобра (51) сите под истрага за убиство во обид со соизвршителство, за нападот врз пратеникот Зијадин Села.

На Александар Јаневски – Тошта (57) осомничен за истото дело, не беше определена мерка, бидејќи за време на распитот во полициската станица му се слошило и бил пренесен на кардиологија.

Јаневски – Тошта по крвавиот четврток изјави дека тој не го нападнал пратеникот Зијадин Села, туку дека помогнал да го извадат од толпата. Тошта на денот на локалните избори завчера, кога се чекаа резултатите беше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е претседател на општинскиот огранок од Кисела Вода на здружението „Гардист 2001“ и претседател на Кинолошкото друштво Скопје.

Коста Делов самиот призна дека учествувал во тепањето на Села и заедно со Никола Војминовски уште во мај беа повикани на разговор за настаните што се случија на 27 април во Собранието, но беа ослободени.

„Чувството кога брутално си го тепал Зијадин Села со клоци по глава, бесценето“, напиша Коста Делов на својот Фејсбук профил по настаните во Собранието.

Најмладиот, Андреј Мицов, исто така на Фејсбук објавуваше слики со качулка во Собранието на 27 април.

За обидот за убиство на Села, пред неколку месеци беа уапсени и обвинети Кире Ѓоргиевски и неговиот татко и тие се наоѓаат во истражниот затвор Шутка.

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека пратеничката група на коалицијата ќе поднесе амандман на Законот за амнестија или ќе предложи посебен закон за прекин на постапката и ослободување на лицата учесници во немилите настани од 27 април 2017.

„Сметаме дека овој чин ќе придонесе кон помирување во Македонија и релаксирање на политичките тензии“, пишува во соопштението.

 

27.април Димитриевски ОЈО Ошавсковски притвор Сенков Собрание Тошта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.