Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цаноски: Зад уривањето на „Космос“ стојат Груевски и Јанакиески

0
By Нова ТВ on September 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 10, 2018 15:03

Во Кривичниот суд денеска продолжи доказната постапка на предметот на СЈО „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски по изборите во 2011 година.

На денешното судско рочиште беа презентирани докази од надзорна расправа во Собранието на која се расправа за случајот „Космос“ како и сведочења на професори од градежниот факултет.

За време на денешната пауза од судењето, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба сега обвинет во случајот „ТНТ“, Тони Трајковски рече дека со оваа судска постапка обвинетите ќе можат да покажат, како што рече тој, по 36 пат да докажат дека општина Гази Баба и тој како тогашен градоначалник законски постапувале.

„До сега имаме 35 пресуди од Управниот од Вишиот управен од Врховниот, од Апелациониот и од Уставниот суд. Сите донесоа пресуди во полза на општината. Едно е тоа што го зборува инвеститорот Цаноски а друго е да се прави анализа врз основа на тоа што го покажуваат документите.  Иако во оваа фаза од постапката тие документи како докази ги предлага СЈО, тие речи си сто отсто покажуваат дека сме работеле законски. Во врска со тоа дека инвеститорот имал пресуда во судот во Стразбур сакам да кажам дека таква пресуда нема. Замолете го да ви ја покаже. Инвеститорот често знае оваа постапка политички да ја коментира. Дури и неговиот вештак, иако вештачењето го вршел политички, сепак ги потврдува нашите констатации. Инвеститорот се жалеше дека му било попречено некакво уставно право. Но и за тоа имаме пресуда на Уставниот суд со која му го отфрла неговото барање односно утврдил дека нему било попречено никакво уставно право“, изјави Трајковски.

Цаноски тврди дека Груевски сакал да му го уништи целото семејство

Цаноски пак изјави дека снимките од собраниската расправа покажани на денешното судско рочиште и прислушуваните разговори недвосмислено покажуваат дека уривањето на објектот Космос го организирале тогашниот премиер Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. На новинарско прашање дали се чувствува предаден од поранешните коалициски партнери, Цаноски кажа дека Груевски сакал да го уништи целото негово семејство.

„Не да сум предаден туку тие сакаа да ме уништат комплетно. Во разговорите што ги слушавте во така наречените бомби наредбите што ги давал Груевски личат како уште што не дал наредба да го ликвидираат целото мое семејство. Значи тој човек е ненормален. Се гледа дека има психички проблеми и жално е што таков човек ја водел државата“, рече Цаноски.

На денешното рочиште беше пуштена целата снимка од надзорната расправа на собраниската Комисија за транспорт и врски, на која меѓу другото се гледа како Цаноски го прашува поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски да каже дали е точно дека му признал дека објектот Космос се гради легално но дека добил наредба „од горе“ да биде урант.

Во „ТНТ“, за злоупотреба на службената положба и овластувањата обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и тројца инспектори од Гази Баба кои „утврдиле“ наводни отстапувања од градбата. Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот на Фијат Цаноски.

Груевски Космос Цаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.