Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царина: Уште еден вработен зел одмор и бил на средба со Груевски

0
By Нова ТВ on December 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За двете лица вработени во Царинската управа што се сретнаа со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта е отворена истрага, а Внатрешната контрола ќе утврдува дали имало злоупотреба или немало, потврди денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и нагласи дека постапката се уште трае.

Тој посочи дека и второто лице е препознаено од фотографијата на која беше снимен првиот царински работник како руча во ресторан во Будимпешта со поранешниот премиер и додаде дека работи во Секторот за контрола и истраги. За него, како што кажа, од претходно се води судска постапка за злоупотреба на службената положба.

-Правото на патување е лично право на секого и е уставно загарантирано. Како директор на Царинската управа немам нити основ, ниту, пак, можам некого да го контролирам и да му забранувам да патува во своето слободно време или кога е на одмор или на боледување. Можеме само да побараме од другите институции кои ги испитуваат условите да дадат одговор, како што и направивме. Кога ќе имаме информации ќе ги објавиме во јавноста, рече Танасоски на денешната средба со новинарите.

Тој посочи дека  второто лице кое го има на фотографијата зело два дена годишен одмор и користело еден слободен ден.

 

-Не би сакал да откривам повеќе детали. За второто лице има одредени предистражни дејствија и за други предмети, рече Танасоски и додаде дека двајцата вработени кои беа во посета на Груевски во Будимпешта сега редовно доаѓаат на работа, а и претходно немале никакви проблеми со нив.

Нагласи дека во минатиот период во Царинската управа одредени вработувања „беа направени согласно други услови и критериуми и во Управата владееше сосема друга атмосфера и начин на управување и одлика на минатото беше да се следи секој каде оди и зошто оди“.

-Од денот на моето доаѓање не е направен никаков притисок врз кој било вработен да излезе да гласа или како да гласа, потенцира Танасоски.

Будимпешта вработени Груевски Трајковски царина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.