Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Инвалидските пензии и посвојувањата главни извори за корупција во социјалната заштита

0
By Нова ТВ on December 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголем број претставки и најголеми можности за корупција има кај социјалната заштита, барањата за инвалидски пензии и посвојувањата, нагласи министерката за труд и социјална политика (МТСП), Мила Царовска на денешниот форум на кој се говореше за тоа дали и како се пријавува корупцијата во институциите, за ефектите и резултатите. Царовска рече дека сака да говори за онаа корупција што е помеѓу сите нас и за која како општество како да имаме толеранција и не гледаме на одредени постапки кои значат поддршка на коруптивни дејствија.

„Малку зборуваме за корупцијата, во образовниот процес недостасуваат програми за ваков тип на едуцирање на населението“, истакна Царовска.

Таа додаде дека МТСП ќе воведе посебен модул, како дел од социо-националниот развој кај децата, за етичко постапување и програми соодветни за децата во предучилишното образование да разберат зошто некои елементи што ги имаат како интеракција со семејството, се погрешни.

Царовска, меѓу другото, информира дека уписот во градинките е направен да биде по електронски пат, бидејќи тоа е „борба за место плус“ и може да се случи да има одредени моменти на корупција. Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Софка Пејовска Дојчиновска посочи дека од 2016 година, кога е донесен Законот за укажувачите, односно „свиркачи“, па до оваа година, немало ниту една пријава од укажувачи, додека за прв пат во 2019 година има 19 пријави од укажувачи, по кои се постапува.

Таа потсети дека Законот пропишува санкција за сите институции кои нема да овластат лице за внатрешно пријавување на корупција, иако има и одредба согласно која доколку нема овластено лице, тогаш одговорно е првото лице на институцијата. Според неа, ДКСК има право да поведе прекршочни постапки за институциите каде што нема овластено лице или не се донесени внатрешните процедури за пријавување на корупција.

Пејовска Дојчиновска, меѓу другото, уште еднаш повтори дека граѓаните сериозно се загрижени за начинот на вработувањата во јавната и државна администрација. Проблем се, укажа таа, и законските пропусти, кои оставаат можност за корупција, непотизам и други форми за вработувања во институциите. Посочи и дека граѓаните имаат доверба да пријавуваат корупција во институции, бидејќи за неполна година од формирањето на ДКСК од февруари годинава „има цунами од поднесени пријави“ од граѓани со сомнежи за корупција или судри на интереси.

Според заменик министерот за здравство Арменд Арслани, во Министерството за здравство нема пријави за корупција, иако има конкретни поплаки за постапување, односно за работењето на лекарите. На прашањето дали тоа што нема пријави се должи на недовербата кај граѓаните или неинформираноста каде можат да пријават корупција, Арслани истакна дека не пријавува корупција иако постои државен Здравствен и санитарен инспекторат и пријавите главно се однесуваат на лекување, на третман на пациентите во здравствените установи или незадоволство од страна на здравствените работници.

„Законот важи за сите подеднакво и за сите треба да има неселективен пристап. Останува на надлежните институции до крај да го расчистат случајот, но да се почитува и правото на презумпција на невиност“, одговори Арслани на новинарско прашање до каде е и дали воопшто има постапка за неговиот претходник Асим Муса, кој беше фатен со мито и дали тој сега работи како лекар.

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски истакна дека со дигитализацијата на царинските постапки превентивно се постапува во борбата против корупцијата, додавајќи дека зголемениот број на пријави за корупција е поради тоа што се преземаат мерки за зголемување на свеста и совеста, првенствено кај вработените. Тој информира дека ако се споредат 2018 со 2017 година, има за 39 проценти зголемен број на пријави за корупција, додека во првото полугодие од 2019 година бројот на пријави на линијата за пријавување корупција 197 е зголемен за 31 процент.

„Најчесто предмет на пријавување е оддложувањето на царинските постапки за да се има влијание и да се добие некој вид надомест, дали во пари или услуга. Самата должина на постапката навестува дека некој сака од некого нешто да извлече“, рече Танасоски.

Тој го спомена електронското определување на вредноста на половните возила за царинење преку директно добивање на вредноста од базата на каталогот во Германија, при што во првите месеци имало доста реакции и од граѓани, но и од царински службеници дека „им се нарушила тезгата која во минатите година фухнкционирала беспрекорно“.

„Во некои истражувања, 21 процент од учесниците во царинската постапка им е добро да има корупција односно за нив е прифатливо да остане коруптивното дејство бидејќи така ги завршуваат работите полесно и остварауваат најразлични бенефити“, нагласи Танасоски.

Помошникот министер за внатрешна контрола во МВР, Дејан Андонов информира дека во Министерството постои овластено лице да прима пријави од граѓаните за внатрешно и надворешно укажување.

„Сè уште постои тој ѕид на солидарноста меѓу вработените во МВР и затоа внатрешното укажување е на многу ниско ниво. Сè уште не се охрабрени тоа да го пријават“, рече Андонов кој информира дека граѓаните најчесто пријавуваат непрофесионално постапување на полициските службеници, а најчесто се однесува на сообраќајната и на градежната полиција.

Помошник министерот за внатрешна контрола во МВР соопшти дека во првите девет месеци од 2019 година имало 279 кривични дела за корупција, а пријавени се 454 сторители.

Во 2017 година внатрешната контрола во МВР поднела 355 иницијативи за утврдување дисциплинска одговорност против вработени во МВР, во 2018 година – 338, додека за 11 месеци во 2019 годиона тој број е 302 иницијативи.

Инвалидски пензии Корупција Мила Царовска Посвојувања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.