Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Со реформите ги поттикнуваме младите на критичко размислување

0
By Ivana on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 15, 2021 21:33

Многу е важно креаторите на политики и оние кои носат одлуки, да го слушнат глас.от на младите, смета Министерката за образобание и наука, Мила Царовска, но анализите покажуваат дека младите се чувствуваат обесхрабрени затоа што не веруваат дека на властите им е важно нивното мислење.

Затоа, како што рече, токму тоа е еден од приоритетите со реформите што ги правиме во образованието, да ја поттикнеме гласноста на учениците, но таа да биде заснована на критичко размислување и носење на заклучоци врз основа на анализа на факти.

„Ќе ја зајакнеме самодовербата на младите и ќе ги научиме да се борат за своите права од најмала возраст, а со тоа заеднички ќе придонесеме за создавање и градење на подобро општество за сите нас. Мора да ја промениме сликата на млади кои се незаинтересирани за општествените случувања, дури и кога се однесуваат директно за нив. Затоа сме фокусирани на крупни промени во образованието, како најдобар механизам преку кој се влијае на начинот на размислување и однесување на младите“, нагласи Царовска.

Министерството за образование и наука во младите гледа сериозен партнер во носењето на сите важни одлуки поврзани со младите. Министерката укажа на личната заложба за формирање на работната група МЛАДИ-МОН која ги дискутира сите политики, мерки и процеси кои се однесуваат на младите, образованието и младинскиот стандард.

Царовска посочи дека младите најдобро знаат што им е потребно и затоа Министерството за образование и наука е отворено за нивните иницијативи, идеи и предлози.

млади реформи Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.