Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Задоволна сум од имплементацијата на Концепцијата за основно образование

0
By Sashko on December 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 16, 2021 17:26

Министерката за образование и наука, Мила Царовска е задоволна од спроведувањето на новата Концепција за основно образование, која почна да се применува од почетокот на учебната 2021/22 година во прво и во четврто одделение, според нови наставни програми изработени од Бирото за развој на образованието (БРО).

Како министерка, јас сум задоволна од имплементацијата на Концепцијата за основно образование. Задоволството го гледам и кај наставниците. Пред два дена имав фокус-група со наставници од четврто одделение, пред една недела со наставниците од прво одделение и се гледа дека задоволството е големо и од учебниците, и од програмите и од поддршката којашто ја добиваат, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Таа соопшти дека на 25 декември треба да добие извештај од советниците на БРО кои на терен ја следат работата на наставниците и нагласи дека МОН ќе продолжи со поддршката за сите кои предаваат по новите наставни програми.

Ништо не завршува со донесување на концепцијата, туку напротив, почнува еден нов реформиран систем на основно образование кој очекувам да ги даде првите резултати за пет години, а вистинските резултати како сме ги подготвиле учениците ќе ги видиме по завршување на нивното средно и понатаму со запишување и завршување на високо образование. Затоа што недостатоците од основното образование ги гледаме на сите нивоа. Недостига критичко мислење кај нашите ученици, поврзување на знаењата и квалитетот на знаењата што го добивале низ годините. Но, оваа иницијатива и овој почеток ќе значат понатаму подобро образовано насление, рече Царовска.

Концепцијата за основно образование беше донесена во март оваа година и почна да се спроведува од септември со нови наставни програми во прво и четврто одделение. Планот на МОН е да се имплементира етапно и за пет години да го опфати целото деветгодишно основно образование.

концепција Македонија Мила Царовска МОН Основно образование
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.