Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Постои „прозорец на можности“ за решение за името

2
By Нова ТВ on January 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 20, 2018 12:32

Постои „прозорец на можности“ за решавање на спорот за името, истакна грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа во обраќање пред членови на вадејачката партија Сириза. Повтори дека неговата влада има јасна позиција во преговорите – сложено име за севкупна употреба и ја обвини опозицијата за поттикнување национализам и изолационализам, пренесува МИА.

– Владата ќе продолжи да работи на постигнување најдобар можен договор. Грчката позиција е јасна и одговорна. Бараме решение кое ќе биде заемно прифатливо, сложено име за севкупна употреба, кое нема да остава простор за иредентизам и неразумни тврдења, рече Ципрас.

Нагласи дека е позитивно што и во Скопје има влада која изгледа решена да преземе чекори за изнаоѓање решение, кои, како што наведе, треба да ги покаже во пракса.

Тој ја обвини опозициската Нова демократија и нејзиниот поранешен лидер Андонис Самарас кои, како што рече, го создале проблемот во 1992 година, но не успеале да го решат, за креирање изолационизам и националистичката реторика која и штети на земјата и нејзината политика во регионот.

– Самарас повеќе се грижи за својата политичка кариера отколку да се реши еден проблем кој е од национално значење. Националните интереси, не се бранат со критицизам, обвинувања и кажување афоризми, туку со градење добра преговарачка позиција, обезбедување меѓународни сојузници и обид за постигнување внтрешен национален консензус, кажа Ципрас.

Како позитивен пример го посочи ставот на грчкиот архиепископ Јероним кој на нивната вчерашна средба истакнал дека во овој момент не се потребни протести, туку национален консензус и единство.

Етнос името Сириза спор Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.