Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ најавува нова меѓународна конференција на тема „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“

0
By Marija Todorovska on February 27, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 27, 2025 16:28

По три години отпор на Украина против руската агресија, глобалната борба за демократија, правда, и вистина – никогаш не била поважна и поитна. На 4 март, еминентни меѓународни експерти, креатори на политики, новинари и претставници на граѓанското општество ќе се сретнат на онлајн конференција на тема „Украина и светот: : Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.

Линк до настан на Фејсбук

Конференцијата е во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог и Младите за медиумите (Германија), Нов европски граѓански форум (меѓународна организација), кои се организации основачи на глобалната иницијатива #DefendingDemocracy.

Конференцијата ќе се занимава со клучните прашања за иднината на Украина и поширокиот глобален одговор на војните на агресија и заканите од авторитаризмот, дезинформациите и хибридното војување. Дискусиите ќе ги истакнат позициите на Украина за неопходноста од праведен мир, што подразбира и барање за целосно ослободување на сите окупирани територии од 2014 година, како и непоколебливата поддршка од меѓународната заедница што ѝ е потребна на земјата за победа и долгорочна безбедност.

Главни точки на агендата на конференцијата:

Панел 1: Меѓу капитулацијата и одржливиот мир: Опасноста од додворувањето                                             Панел 2: Победа над Путин и авторитаризмот: Потрагата по мир, правда и демократија
 Панел 3: Дезинформациите како оружје: Борба против дезинформациите и хибридното војување

Конференцијата ќе вклучи водечки имиња во меѓународната политика, медиуми и граѓанско општество, кои ќе ги споделат своите анализи и сознанија за геополитичките, безбедносните и информациските предизвици на нашето време. Говорниците посебно ќе се осврнат на опасностите од политиките на додворување, потребата од разбивање на путинизмот како глобална авторитарна сила, и стратегиите за борба против руските дезинформации.

Настанот ќе се емитува во живо. Работниот јазик на настанот ќе биде англиски.

конференција Украина Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.