Набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода забележуваат низа на нерегуларности во текот на референдумскиот молк. Активистите од „двете страни“ продолжуваат со агитација граѓаните да го бојкотираат референдумот или да излезат на гласање.

Забележано е кинење на плакати (пропаганден материјал), на подрачјето на селата Таринци, Радање и Балван во општина Карбинци.

Понатаму, во повеќе извештаи на набљудувачите се нотира непрекината и активна кампања на социјалните мрежи. Кршењето на изборниот молк на социјалните медиуми, како и говорот на омразата се бележи и архивира од набљудувачите и од Тимот за анализи и координација на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ги повикува граѓан(к)ите да продолжат да пријавуваат нерегуларности, заплашувања, поткуп и го повторува апелот до надлежните институции да реагираат на сите пријави соодветно и согласно со законите.

Освен набљудувачите на Цивил, референдумското изјаснување ќе го следат вкупно  11.927 акредитирани набљудувачи. Најголем број домашни набљудувачи има од здружението за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ, по нив е  Македонската платформа против сиромаштијата, МОСТ и Ленка.