Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цивилот или полицаецот Груевски: Кој е во командниот штаб за протести

0
By Нова ТВ on June 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 21, 2016 15:55

Кој, всушност раководеше со полициските сили на вчерашниот протест во Скопје? Партијата или државата? Што бараше припадник на обезбедувањето на премиерот рамо до рамо со одговорните за координација на протестот?

Официјалната координација на вчерашниот протест на Шарената револуција одеше преку Сашо Митевски познат под прекарот Хитлер, но цела вечер до него беше долгогодишниот член на обезбедувањето на екс премиерот Никола Груевски и негов човек од доверба.

Камерата на НОВА ТВ го улови овој личен бодигард на Груевски, кој постојано разговараше на мобилен телефон и известуваше што се случува во секој момент. Кога нашата новинарка се обиде да се приближи до него, тој се одвои од раководниот тим на полициските сили. Другите полицајци до него, вклучувајќи го и Митевски, викаа „Бегај, оди во живо“.

Каква била неговата улога во вчерашниот протест и кој му дозволил постојано да го слуша текот на акцијата на специјалните сили, ова прашање го поставивме до МВР и лично од министерот Митко Чавков. Тие не одговорија. Овој човек од обезбедувањето го нема оној естраден имиџ, како што беше случајот со Дејан Митревски – Урко, но сепак новинарите ги знаат луѓето кои верно го следат Груевски во изминативе 10 години. По мала проверка на архивата на Јутуб, најдовме неколку видеа од ова лице како го обезбедува поранешниот премиер telohranitel 2

Хитлер од бомбите

Раководната палка вчера вечер навидум беше во рацете на  Сашо Митевски – Хитлер, кој е помошник началник на Централните полициски служби под во кои влегуваат посебните единици – ЕБР, специјалците и одделот за обезбедување. Во вчерашната акција и во делот на обезбедување од полициските сили учествуваа униформираната полиција, Единицата за брзо распоредување и Единицата за специјални задачи. Името на Митевски се појави во „бомбите“  кои ги објави СДСМ. Во двата разговори го споменува екс министерката Јанкулоска. Во првата кога разговара со генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски поврзана со изборни нерегуларности во Куманово.

КБ: Дајте ни листа на гласачи, дајте тркачи, заедно нашиве тимови да работат, да ги врземе знаеш, да немаат каде.

ГЈ: Да бе да, не е проблем. Јас веќе им кажав, односно само на Мирослав му кажав дека е договорено и д му се јави на овој Џорџе, тој ден, тогаш кога се видовме ја и ти со овој Милетиќ и му дадов и телефон и се. А претходно он се јавил па по друга линија, ти кажував, се јавил кај Хитлер, кај мене, пошто кумановци се они, знаеш си се знаат по разни линии. Така да они имаат веќе, да речам вака идеја, но ја кога ќе одам у Куманово следен пат, дали утре или задутре, секако овие ден-два ќе одам, или и да одам у нагоричане ќе поминам назад и ќе ги седнам заедно.

КБ: Горде, Горде, извини.

ГЈ: Е?

КБ: И тие на Хитлер да се мобилизираат исто, што се од српската напредна

ГЈ: Тие се веќе, тие се веќе мобилизирани

КБ: Со Ристе…

ГЈ: Да, они си работат на терен, ама тие се знаеш онаква структура што не мора да ги гледаат по град. Ја со Ристе си ги контролираме на…

КБ: Да, да, да.

Медиумите објавија дека началникот Митевски ја координирал и акцијата за време на протестите на 5 мај мината година, по објавување на бомбата за убиството на Мартин Нешковски, кога полицијата ги тепаше и апсеше демонстрантите. Инаку, мешањето на надлежности во МВР и познатото МВРО, го слушнавме токму од поранешната министерка Јанкулоска, која во прислушуваните разговори признава дека ова министерство е претворено во партиски штаб. Раштиманата хиерархија во МВР излезе на виделина и во случајот со смртта на Нешковски кога полициските сили без писмена наредба, по телефон се договарале каде и како да го обезбедуваат премиерот. Груевски според закон сега го обезбедуваат шест лица. Со законските измени од 2013, како поранешен премиер има право на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач. Оваа поволност му следува во период ист со периодот на времетраењето на мандатот. СДСМ минатиот месец во Собранието побара да се смени законот и на Груевски да му се укине личното обезбедување.

 

ВМРО ДПМНЕ: Тврдина чувана од буџетски пари

полиција вмро дпмне

Зградата на ВМРО-ДПМНЕ е најобезбедуваниот објект во Македонија од денот кога започнаа протест. Осум недели, дење-ноќе нивното ново барокно седиште го обезбедува полицијата. За време на вчерашните протести раководени од Митевски беше затворена улицата пред седиштето, сите приоди кон истото, беа поставени водени топови, оклопни возила, а распоредени беа цели чети од ЕБР.

 

#Шарена револуција ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски Хитлер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

ВЕСТИ January 27, 2026

Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија…

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.