Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја доби довербата од членовите на Централниот одбор на партијата да биде мандатар за состав на новата влада.
„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата“, напиша Ковачевски пред малку на Фејсбук.
Притоа тој посочи дека Централниот одбор продолжува со седницата за избор на ново раководство, како и нови членови на Централниот и Извршниот одбор.
„СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отоврена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, додаде претседателот на СДСМ во Фејсбук постот.