Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црковниот имот ја доведе Црна Гора до точка на вриење

0
By Нова ТВ on December 27, 2019 СВЕТ
Фото: rtvbn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работата во црногорското Собрание синоќа и во текот на ноќта достигна точка на вриење. Тензичната атмосфера кулминира со фрлање солзавез во пленарната сала, искорнати микрофони, фрлање со чаши и шишиња од опозициски просрпски пратеници на Демократски Фронт (ДФ) кои на крајот завршија во полиција. Нивната реакција дојде како последица на гласањето на Законот за слобода на вероисповед од владејачкото мнозинство, а поголеми инциденти според медиумите беа спречени благодарние на брзата интервенција на обезбедувањето.

Според црногорските медиуми, сослушувањето на 18-те пратеници од ДФ во полиција траеше и денеска. Во меѓувреме е нормализиран сообраќајот во Подгорица, кој беше блокиран во текот на целиот вчерашен ден од противниците на Законот за слобода на вероисповед, а премиерот на Црна Гора, Душко Радовиќ, кој на расправата во парламентот ги „бранеше“ владините решенија, го осуди однесувањето на опозициските пратеници и рече оти „не очекува радикализација на ситуацијата“ во земјата.

Фото: kossev.info

По предлог Закон за слобода на вероисповед, позитивно мислење летото даде и Венецијанската комисија која ги поздрави напорите на црногорските власти за менување на застарениот Закон за правна положба на верските заедници од 1977 година. Во него се провлекува и прашањето за имотот на верските заедници, поточно на имотот на црногорско-приморската Митрополија на Српската православна црква (СПЦ). Од тоа произлегоа дилеми во јавноста, дали Владата на Црна Гора очекува финансиски бенефит со преземање на имотот на СПЦ, колкава е неговата вредност и колкави приходи остваруваат верските објекти во сопственост на СПЦ? – Впрочем имотот со кој управува СПЦ во Црна Гора со години наназад е предмет на спор.

На предлог Законот остро се спротивставија од СПЦ од каде тврдат дека државата има намера да го одземе црковниот имот додека Црногорската православна црква го поддржува новиот Закон, бидејќи смета дека нејзините верници се дискриминирани што не им се дозволува служење во црквите и храмовите што ги граделе нивните предци и државата Црна Гора.

Црногорско-приморската Митрополија соопшти дека црногорската полиција го претепала епископот Методиј и уште двајца верници кои се обиделе да го заштитат за време на протестите против донесувањето на Законот за слобода на вероисповед.

Фото: montemaretravel.com

„Владиката и поедини верници беа соборени на земја и тепани со пендреци и нозе. Повредени се и двајца верници кои се обиделе да го заштитат. Еден од нив се здобил со скршеница на колкот, а друг со скршеница на клучна коска. Сите се хоспитализирани во болницата во Плевља“, се вели во дописот на Митрополијата.

Пет мита според црногорската Влада

На официјалната интернет страница на Владата на Црна Гора е објавен текст со наслов „Пет митови за Законот за слобода на вероисповед“ што предизвика спротивствена мислења во јавноста. Првиот мит, како што е наведено, е дека државата го одзема имотот на верските заедници на што веднаш е понуден и одговор – „ако верската заедница располага со докази дека стекнала имот по денеска важечки закон или по закон што важел некогаш, тогаш државата ќе го почитува тоа. Но, верските културни добра што се создавани со државни пари со векови и за кои не постојат докази дека припаѓаат на верска заедница, ќе бидат запишани во сопственост на државата“

Како втор мит, Владата наведува дека „СПЦ е постара од Црна Гора и дека сите православни објекти во земјата се нејзина сопственост“.

„Се тврди дека е вистина оти во Кнежевството и во Кралството Црна Гора, православната црква не била сопственик, туку корисник на верскиот имот и немала право да располагаат со тој имот без одобрување на државата. Општиот имотен Законот на Кнежевството Црна Гора пропишува дека недвижните добра на православните цркви и манастири не може да се продаваат или отстапат, без допуштање на државната власт“, е наведено од црногорската Влада.

Третиот мит, според црногорската Влада, е дека државата ги тера верскте заедници да се регистрираат. Од кабинетот на премиерот Душко Радовиќ се наведува дека „верските заедници немаат законска обврска да се регистрираат и дека оние кои ќе решат да не се регистрираат, ќе може да делуваат, но нема да имаат својство на правни лица“.

„Регистрацијата е едноставна процедура во која државен орган евидентира податоци за името, за седиштето, адресата и застапник на верската заедница“, се вели во постот на „Твитер“.

Четвртиот мит, според Владата на Црна Гора, е дека државата сака да ја исфрли СПЦ од храмовите на сметка на ЦПЦ. Притоа се нагласува дека не постои никаква одредба за предлог закон со кој СПС или било која друга верска заедница се става во подредена положба.

„Престолнината Цетиње, а не СПЦ, е запишана како сопственик на Цетињскиот манастир и тоа на ниту еден начин не ги ограничува верските права и слободи во еден од најзначајните верски храмови во Црна Гора“, гласи владиниот одговор на четвртиот мит.

И, конечно, како петти мит е наведено дека предложениот Закон е утврден без дијалог со СПЦ. Владата го негира тоа и истакнува дека во јавната расправа учествуваа сите верски заедници, академските кругови и граѓанскиот сектор.

„Претставниците на Владата дополнително ги консултираа сите верски заедници и сите предлози во рамки на меѓународните правни стандарди се прифатени“, истакнуваат од Владата.

Што е спорно во Законот според СПЦ?

Иако црногорските власти тврдат дека не станува збор ниту за напад на СПЦ и дека имотот на српската црква не е доведен во никаква опасност, според српските медиуми е се поизвесно дека официјална Подгорица ќе добие можност да стави рака врз светостите на СПЦ во Црна Гора, меѓу кои и на Острог. Како спорни, пред се, се издвојуваат членовите 52 и 53 од Законот за слобода на вероисповед.

Фото: eusa.eu

Членот 52 вели дека сите верски објекти кои биле во државна сопственост до 1 декември во 1918 година, се враќаат во државна сопственост.

„Верските објекти и земјиште што ги користат верските заедници на територијата на Црна Гора, а за кои ќе се утврди дека се изградени од јавни приходи на државата или биле во државна сопственост како културно наследство до 1 декември во 1918 година, се државна сопственост“, нотираат српските медиумите за членот 52.

Членот 53, пак, вели дека „органот на управување надлежен за работи со имотот е должен во рок од една година од денот на стапување во сила на законот да ги утврди верските објекти и земјиште, кои според член 52 се државна сопственост, да изврши попис и поднесе барање за упис на правото на државна сопственост на тие недвижности во Катастарот“.

закон Нереди Собрание Тензија Црна ГГора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.