Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвен крст: Се затвораат неофицијалните пунктови за собирање помош

0
By Нова ТВ on August 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почнувајќи од денеска, сите неофицијални пунктови на кои се собираше хуманитарна помош за населението погодено во катастрофалните поплави ќе бидат затворени, а помошта ќе се собира само во пунктовите на Црвениот крст, соопштуваат од Црвениот крст.

– Целата организација околу донациите од денеска ќе ја преземе Црвениот крст. Секој што сака да донира, тоа може да го направи во Момин Поток или училиштето Наум Наумовски Борче, а ние од таму со камиони ќе носиме од куќа до куќа, велат од Црвениот крст.

Помошта од таму активистите на Црвен крст со камиони ќе ја дистрибуираат директно до оние граѓани на кои најмногу им е потребна помош.

На социјалните мрежи постојано се апелира за помошта што е најнеопходна во моментов: гумени чизми, средства за хигиена посебно за дезинфекција, запакувана или конзервирана храна, свеќи, светилки-батерии, алкохол (75 проценти), јод, стерилни завои и гази, гумени медицински ракавици, ножици, сапуни, средство „дезинтал“, тоалетна хартија, хигиенски влошки, пелени за бебиња, средства за чистење, антибактериски марамици и гел за суво миење на рацете, лекови за смирување, за притисок и за стомачен вирус.

Досега вкупно се собрани 139.885 евра од кои 52.308 од Фондот на солидарност  и 87.577 од телефонскиот број за донации.

Жиро сметката на Фонд на солидарноста каде што граѓаните можат да донираат е 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Податоци за сите кои сакаат да донираат во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

донации помош поплави Црвен крст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.