Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦУК: Изминатото деноноќие имало над десетина пожари на отворено

0
By Marija Todorovska on February 2, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 2, 2024 12:07

Изминатото деноноќие имало над десетина пријавени за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта  и запалени контејнери на отворено на територијата на државата, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Конкретно, противпожарни интервенции на отворено, паралелно гасејќи и пожари во населени средини, имале пожарникарите од Територијална противпожарна единица на Град Скопје во предел на село Трубарево, во село Рашче и во село Бразда.

Пожарникари од Територијална противпожарна единица Прилеп интервенирале кај село Мажучиште и кај патот за Манастир Прилепец,  ТППЕ Свети Николе кај село Мустафино и во атарот на село Немањици, ТППЕ Македонска Каменица кај село Цера, ТППЕ Куманово во близина на депонијата „Краста“ и во атарот на село Режановце, ТППЕ село Нагоричане во атарот на ссело Макреш, ТППЕ Ранковце во атарот на село Псача, а ТППЕ Тетово дека во изминатото деноноќие имале две помали интервенции.

Пожарникарите од ТППЕ Велес, по пријавата на 112 и координацијата од Секторот за операции и координација во ЦУК, за појава на густ и темен чад во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“ во Општина Градско, заедно со ангажираните ресурси од Општина Градско, загаснеле депонија, на којашто најмногу гореле запалени гуми. Интервенирано е конбинирано, со противпожарни средства, а потоа комуналното претпријатие ЈКП „Клепа Градско“ интервенирало со затрупување на опожареното место, по што пожарот е локализиран, а дежурни останале за да се следи состојбата до крајот на денот.

За претстојниот викенд, ЦУК апелира за да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и граѓаните да ги почитуваат препораките на пожарникарите преку медиумите  за превенција од пожари.

ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во природа, на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот. Итните случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 27,88 отсто, а 72,12 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 50,99 отсто, кон итната медицинска помош 36,76 проценти, а кон пожарникарите  6,72 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

пожари пожарникари ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.