Ивана Туфегџиќ, новата пратеничка од редовите на СДСМ, денеска на продолжението на конститутивната седница на Собранието, рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ свесно прават опструкција на изборот на претседател на Собранието. Таа на говорницата го читаше Деловникот и рече дека претседавачот не го почитува и ги крши одредбите од Деловникот.
https://www.youtube.com/watch?v=6w7LMzH-sVU
„Жал ми е што првото обраќање од оваа говорница треба да ми биде подучување на претседавачот околу Деловникот на Собранието. Исто така, колеги од ВМРО-ДПМНЕ, сакам да кажам дека кога веќе вашите усти се полни со народот, дебата, парламентарна демократија, требало прво да научите што е парламентарна демократија. Можам да разберам зошто до сега не сте научиле, затоа што никогаш не сте ја применувале“, рече Туфегџиќ.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се уште зборат за таканаречената „Тиранската платформа“, додека пак СДСМ зборуваат за „бомбите“.